Трипуновски од Струмица: Не сакаме да донесеме ниту еден акт кој што нема да биде претходно усогласен со сите кои што учествуваат во производниот процес

February 10, 2025
1 min read

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од Струмица истакна дека за првпат се одржува состанок на потсекторската група за градинарство надвор од просториите на Министерството.

-Ќе разговараме за претстојната производна сезона, тоа беше мое ветување и мој принцип на работа. Преку постојаната комуникација пред почетокот на производна откупна сезона треба да се сондираат сите ситуации кои што би биле предизвик во делот на производството, истакна министерот.

-Денеска на иста маса ќе бидат земјоделците, преработувачите и дел од фелата кои што се во секторот. Ќе дискутираме за она што значи активности во наредниот период, дали тоа ќе биде во делот на пролетната зелка, дали ќе биде за целата производна година, појасни министерот Трипуновски.

Министерот посочи дека треба да се слушнат укажувањата од страна на самите чинители. Министерството веќе работи и во делот на уредувањето на откупот и пласманот на земјоделските производи.

-Не сакаме да донесеме ниту еден акт кој што нема да биде претходно усогласен со сите кои што учествуваат во производниот процес бидејќи Министерството постои во интерес на решавање на предизвиците, решавање на проблемите и работи долгорочно да се одржи производството, додаде министерот Трипуновски.

Тој истакна дека се размислува на модификација на системот во делот на регистрација на откупувачи во Македонија, тоа нема да се направи без консултација со секторот.

-Во денешниот разговор една од темите ќе биде и модификација на овој систем, како да се доуреди процесот на пласман на земјоделските производи. Во фаза сме во носење на новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој што е база на земјоделското производство. Таму ќе се дефинираат многу правила на игра во делот на производство, пласман, исплата на земјоделските производи, загарантирана производна цена која што треба да биде за повеќето важни земјоделски производи. Овој Закон се очекува дека до средина на годината ќе биде ефективен, и ќе значи долгорочно одржливо земјоделско производство, појасни министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека преку разговор на вакви средби ќе се стабилизира земјоделскиот сектор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високи цени во маркетите: Неофицијално, астрономски маржи кои на крај ги плаќаат граѓаните

Следно

Силни дождови и поплави погодија делови од Австралија

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop