Високи цени во маркетите: Неофицијално, астрономски маржи кои на крај ги плаќаат граѓаните

February 10, 2025
1 min read

Државниот пазарен инспекторат заврши со контролите на маркетите и дистрибутерите за да се утврди зошто се високи цените во маркетите. Посебно внимание при контролите е посветено на увозниците кои воедно се и дистрибутери на производи од странство.

„До сега контролирани се 10 ланци маркети, меѓу нив и неколку регионални кои имаат само неколку продавници, при што посебно внимание е посветено на контрола на тоа како се формираат цените на топ 100 – те производи, на хемиски производи и на бебешка и на детска храна“, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Ова е се што го добивме денеска како официјална информација од Инспекторатот.

Ако нема официјално, ќе има неофицијално. Она што го дозна ТВ21 е дека при контролите се потврдени големи неправилности, за кои веќе извесно време се зборува во јавноста. Утврдено било дека има огромни бруто маржи кои на некои производи се движат од 40 до 70 отсто, што е далеку над законски пропишаното во Законот за нефер трговски практики. Дополнително, дистрибутерите на производи од странство, користејќи ја својата економска моќ, наметнувале свои цени, кои влијаеле негативно и на производите од домашно производство. Сево ова влијае на крајната цена која ја плаќаат граѓаните.

Информациите велат дека Државниот пазарен инспекторат почна со контрола и на производителите, со посебен акцент на кондиторската, месната и млечната индустрија. Оваа контрола ќе биде најсложена од сите и веројатно ќе има потреба од меѓуресорска соработка.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски, во зависност од тоа што утре ќе му биде реферирано на владината седница, најави преземање мерки.

„Доколку гледаме дека едната страна не почитува договорено, тогаш како влада ќе мораме да интервенираме“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку, во петокот 07. февруари по втор пат имаше бојкот на маркетите, при што прометот беше поголем отколку при првиот бојкот кој беше на 31 јануари годинава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состанок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Следно

Трипуновски од Струмица: Не сакаме да донесеме ниту еден акт кој што нема да биде претходно усогласен со сите кои што учествуваат во производниот процес

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop