Состанок на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

February 10, 2025
1 min read

Денеска, државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски го одржа првиот состанок како Национален координатор на Комисијата за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Македонија.

Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција е формирана во 2001 година, со одлука на Влада, со цел да ја следи и да ја анализира состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција, да ги координира активностите на надлежните институции и да соработува со меѓународните и невладините организации кои се вклучени во решавањето на проблеми од оваа област. Во Комисија членуваат претставници од МВР, МСПДМ, МНРНТ, МП, МЗ, ДИТ, МОН/БРО, АВРМ, ОЈО за ГОКК и Суд.

Државниот секретар Петрушевски истакна дека оваа појава претставува кршење на основните човекови права и сериозен глобален проблем, кој остава длабоки последици врз жртвите и целото општество. Воедно посочи на ефикасна соработка помеѓу сите институции и засегнати страни, со цел да создавање на силен и функционален механизам за превенција, заштита на жртвите и гонење на сторителите. Оваа Комисија има клучна улога во спроведувањето на стратегиите и мерките кои ќе придонесат за елиминирање на овој сериозен проблем.

На состанокот беа разгледани тековните и идни активности во насока на подобрување на состојбата и надминување на предизвиците во областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција, при што беа истакнати потребите за управување со миграциските текови, односно спречување на илегалните премини, зајакнување на граничната контрола и мониторинг, како и подобрување на сместувачките капацитети во прифатните центри, со цел обезбедување не сеопфатна заштита на државната граница, услови за згрижување и третман на мигрантите во согласност со меѓународните стандарди.

Воедно, членовите беа информирани и за четвртиот круг на евалуација и посета на Групата на експерти за преземање акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) со цел мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за преземање акција против трговија со луѓе.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потрошувачите во Романија и Бугарија повикани да ги бојкотираат супермаркетите поради инфлацијата

Следно

Високи цени во маркетите: Неофицијално, астрономски маржи кои на крај ги плаќаат граѓаните

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop