Пуштање во употреба на новата компресорска станица за хируршките клиники

February 10, 2025
1 min read

Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.

Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

На први јули, беше соопштено дека полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар, оти е објавен тендер за компресорите што не работат. Во средината на јули, беше поништена постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники, бидејќи не пристигнала ниту една понуда. Потоа следуваше друг тендер.

На 22 јануари, Министерството за здравство информираше дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

– Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема – резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема. Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места, разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC. Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници. По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција, беше наведено во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ден на побезбеден интернет“ во училиштето „Димитар Македонски“

Следно

Интерпелациите на членовите на Судски совет на собраниска седница најверојатно на почетокот на март

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop