Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

February 9, 2025
1 min read

Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го продолжиме експресниот пат од Кочани преку Виница до границата со Бугарија, а исто така од Гевгелија преку Струмица да се поврземе со експресен пат со границата со Бугарија кај Ново Село, најави вицепремиерот и минстер за транспорт, Александар Николоски.

Веќе работиме на проектирање од Куманово до Страцин со цел да го поврземе автопатот од Скопје-Куманово до Србија со овој експресен пат и целото движење од Скопје до границата со Бугарија да биде со автопат или со експресен пат. Се надевам дека и бугарската страна ќе почне да работи, видов една позитивна изјава на колегата од Бугарија, тој исто како мене е вицепремиер и министер за транспорт. Се надевам дека ќе го оддржат зборот, така што почнавме проектирање, ќе бараме финансирање и очекувам најдоцна следната година да работиме и на тој дел.Имаме уште две амбиции за годиниве кои што се пред нас. Едната е ескпресниот пат од Штип до Кочани да го продолжиме на исток кон Виница и кон граница со Бугарија и втората е поврзување на двата коридори 10 и 11. Тоа е некаде над Гевгелија кај Смоквица преку Валандово – Струмица – Ново Село – граница со Бугарија, да се изгради експресен пат или автопат што многу ќе значи на луѓето од Централна и Источна Македонија да се поврзат не само со Бугарија туку и со Грција како алтернатива на вториот граничен премин, истакна вицепремиерот Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во ВМРО-ДПМНЕ голем „метеж“ за Скопје – Ѓорѓиевски, Перински или…? Мицкоски на „слатки маки“ кого да поддржи

Следно

Хамас го обвини Израел за попречување на влезот на хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop