Во ВМРО-ДПМНЕ голем „метеж“ за Скопје – Ѓорѓиевски, Перински или…? Мицкоски на „слатки маки“ кого да поддржи

February 9, 2025
1 min read

Како ретко кога огромен број на јавни аспиранти во ВМРО ДПМНЕ за функцијата градоначалник на Скопје. Во игра се Златко Перински, актуелен министер за локална самоуправа, Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, но има и скриени адути кои добро котираат кај партиското членство. Според информациите тоа е актуелниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, кој во два мандата раководеше со главниот град. И Перински и Ѓорѓиевски се надеваат на поддршка на лидерот Мицкоски.

„Видете, јас за ова неколку пати го говорев. Да почекаме да заврши целокупниот процес и она име кое што председателот Мицкоски ќе го предложи на извршните органи на партијата, јас сум убеден дека истото ќе стане и градоначалник на Град Скопје.“, рече Перински.

„Мојата амбиција е јасно изразена повеќе месеци наназад, да не речем две години од денес наназад. Јас сметам дека со сето она што сум го сработил во мојата обштина и можността што сум имал и шансата дадена од Бог и од граѓаните, сум ја искористил правилно да го покажам мојот потенцијал и потенцијалот на тимот кој што работи заедно со мене“, вели Ѓорѓиевски.

А, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека месечно неколку пати прават анкети и неговата партија и коалицијата убедливо водат пред другите партии, дури и четири спрема еден, но и дека се испитува кој кандидат како стои и кај партиското членство.

„Што се однесува до имињата, ќе видиме. Трае внатрепартиската процедура, ние исто така го прашуваме мислението и на членството, имаме база на податоци, бидејќи важно е мислението и на членството за потенциалните кандидати, мислението на граѓаните се разбира, и на крај правиме една симбиоза од сето тоа и излагаме пред органите на партијата со име.“, изјави Мицкоски.

Вакви отворени аспирации за одредени политички позиции ретко се присутни во јавноста, преде се кај големите партии, каде што статутарно лидерите имаат реални ингеренции во носењето на политичките одлуки.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: Протестите не дадоа резултати

Следно

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop