Левица: Да се скратат злоупотребите на патните прошоци на пратениците кои месечно стигаат и до три минимални плати

February 9, 2025
2 mins read

Целта на Предлог законот за изменување на Законот за пратеници, по скратена постапка, поднесен од пратениците на Левица е да се намалат трошоците од Буџетот на Македонија, како и да се зголемат заштедите на одредени буџетски финансиски средства кои се даваат на име „патни трошоци“ на пратениците. Предлагачот, Левица наведува дека измените на ова законско решение се неопходни, за да можат „народните претставници“ да се доближат до граѓаните кои ги претставуваат, и затоа реална е потребата да се ограничи пратеничкото право на надоместок за патни трошоци, кое честопати се злоупотребува.

„Предложеното законско решение уредува наместо досега утврдените 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок
во износ не поголем од продажната цена на шест ипол литри гориво, просечно потребни за изминат пат од 100 километри“

Предвидената и планирана битна измена на законот е сублимат од поправичната уредност на оваа правна област во некои од земјите-членки на ЕУ.

Дополнително, потребата од ова законско решение е поради досегашните енормни суми на надоместоци кои им се исплатени на пратениците во Р. Македонија. Па така, историско-компаративната анализа за просечните исплатени патни трошоци за пратеник направена за регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан (Македонија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Косово), во
периодот 2010–2016, говори дека македонски пратеник просечно земал вкупна сума од ок. 40.000 ЕУР патни трошоци – сума која е за 4.000 ЕУР повисока од
сумата која му е исплатена на пратеник во Словенија; 21.000 ЕУР повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Бугарија; 28.000 ЕУР повисока од
сумата која му е исплатена на патеник во Хрватска и 34.000 ЕУР повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Косово“.

Од Левица наведуваат дека, пратеничката функција е „народна служба“, и дека со оглед на висината на месечните примања на име плата кои ги добиваат пратениците во однос на мнозинството граѓани кои работат за „минимална плата“, која е пет до шест пати помала од пратеничката, износите кои пратениците ги добиваат на име на патни трошоци за службени потреби во изминатите години се нереални и често на
месечно ниво достигнуваат и до три „минимални плати“.

Сегашната практика дозволува пратениците да бараат надоместоци за амортизација и патарини, што доведува до многу високи износи на патни трошоци, па дури и до случаи каде некои пратеници оддалечени од Скопје добиваат и до 800.000 денари за патни трошоци. За разлика од нив, пратениците од Левица не користат овие привилегии и сами ги покриваат своите трошоци за кирија во Скопје, сметајќи дека нивните плати се доволни за тоа.

„Овој законски предлог ќе има директни користи за граѓаните, бидејќи средствата кои ќе се заштедат можат да се пренаменат за подобрување на животниот стандард на најранливите категории, како што се сиромашните и маргинализираните групи. Ние, како пратеници, сакаме да покажеме пример и да се грижиме за оние кои најмногу имаат потреба од помош“, информираат од партијата.

Левица апелира до мнозинството и до власта да го поддржат ова рационално решение и да го усвојат законот за ограничување на патните трошоци, кој ќе биде разгледан на седницата в среда.

Предлог законот за изменување на Законот за пратеници пред пратениците ќе се најде на 34. собраниска седницата на Собранието што ќе се одржи в среда, како 9-та точка на дневниот ред.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок

Следно

МУ РЕКОВ НА ТОНЕЦОТ ДА МИ КАЖЕ ГЛУП ВИЦ, ВЕЛИ НОРВЕШКАТА ЅВЕЗДА РЕНАТЕ РЕНСВЕ ЗА 7-МИНУТНОТО СМЕЕЊЕ ВО ФИЛМОТ „АРМАНД“

Latest from Blog

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на

Божиновска: Државата тргнува во енергетски бум – Усвоен план со инвестиции од 5,7 милијарди евра

Македонија влегува во нова, динамична ера на енергетска независност со усвојувањето на Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на
Go toTop