Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос

February 8, 2025
1 min read

Релативно мирна ноќ, во споредба со изминатите денови, поминаа жителите на Санторини и околните острови со оглед на тоа што не беа регистрирани силни земјотреси, меѓутоа претпладнево за помалку од еден час имаше серија земјотреси со јачина од над четири степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во периодот од 10.36 часот до 11.24 по локално време беа регистрирани седум потреси меѓу 4,1 и 4,9 степени.

Во текот на денешниот ден состанок ќе одржат надлежните комисии во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција за да ги разгледаат актуелните мерки, а главниот дел се однесува на училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи кои минатата седмица беа затворени и ќе треба да се донесе одлука дали ќе се продолжи мерката или од понеделник ќе се отворат.

Поради зголемената сеизмичка активност од четвртокот на Санторини е прогласена вонредна состојба до 3 март годинава, а од општина објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

На островот вчера беше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој порача дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ и уште еднаш им препорача на граѓаните да бидат смирени, а се осврна и на туризмот со оглед на тоа што Санторини е популарна туристичка дестинација, посочи дека „имаат должност да ја заштитат, да ја зачуваат репутација и да бидат сигурни дека 2025 година исто така ќе биде одлична година за туризмот на Санторини“.

– Затоа, во нашата јавна комуникација, треба да балансираме меѓу потребата да бидеме присутни и да дејствуваме превентивно, без, сепак, истовремено да репродуцираме катастрофални сценарија, кои потенцијално може да исплашат некои посетители. Драго ми е што велите дека засега не постои никаква таква индикација и ќе се бориме да продолжиме по оваа линија, со добра надеж дека појавата ќе стивне и многу брзо ќе можеме да се вратиме во нашата нормалност, рече Мицотакис.

Интензивните земјотреси на Санторини започнаа во неделата, додека според процените во Грција, во изминатите денови островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Парламентарни избори во Косово: Почна гласањето на дијаспората

Следно

СДСМ притиска: Попов без возачка и пијан направил тешка сообраќајка, а наместо затвор платил 500 евра

Latest from Blog

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација и реконструкција на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Општина Аеродром

е известуваме дека утре 09.02.2025 година (недела) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, во организација на Министерството

ФОТО: Несреќа во Тетово, се преврте автомобил!

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа. Според информациите, автомобил марка „БМВ“ се превртел на кров. Засега нема информации за повредени лица, а на терен е полиција која врши увид. ИЗВОР: ТВ
Go toTop