„ЕУ е во право што ги суспендираше санкциите кон Сирија“, му рекол Ердоган на Макрон

February 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Одлуката на Европската унија (ЕУ) за укинување на санкциите за Сирија минатиот месец е чекор во вистинската насока, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот француски колега Емануел Макрон во телефонски разговор во петокот вечер, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије, јавува Анадолу.

Претседателот Ердоган ја истакна важноста од укинување на овие санкции во новата ера на Сирија по Башар ал-Асад, дека поддршката на Туркије за Сирија ќе продолжи со несмалено темпо, информираат од Дирекцијата за комуникации, додавајќи дека двајцата лидери разговарале за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања.

За време на разговорите, претседателот Ердоган истакнал дека зајакнувањето на дијалогот меѓу двете земји ќе помогне во зајакнувањето на билатералните врски, наведувајќи дека Туркије и Франција имаат потенцијал за соработка во многу области, особено во одбранбената индустрија.

Турскиот претседател рекол дека сегашниот прекин на огнот меѓу палестинската група Хамас и Израел треба да се зачува и дека мора да се почне да се работа на трајно решение во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД одобрија можна воена продажба на Израел од 7,41 милијарди долари

Следно

Марко Одермат го освои светско злато во супер-велеслалом

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop