ЗЕЛС на средба со Димитриеска Кочоска, разговарано за унгарскиот кредит и блок дотациите во образованието

February 7, 2025
2 mins read

Управниот одбор на ЗЕЛС денеска одржа средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, при што теми на разговорот беа договорот со Светската банка, блок дотациите во образованието, како и прашањето во врска со унгарскиот кредит.

Министерката Димитриеска Кочоска денеска за време на средбата посочи дека мотивот е пред се, договорот со Светска банка, кој е поврзан со енергетската ефикасност на јавните објекти. Потсети дека договорот е потпишан во 2001 година и се уште трае, но со забавена динамика, а таа ќе направи напор да се забрзаат работите.

-Сметам дека Министерството за финансии треба да биде во постојана комуникација со ЗЕЛС и со општините. Ние како Министерството, на дневна основа комуницираме преку трезорот, но сепак треба да се слушнат и одредени проблеми кои што ги имаат градоначалниците во рамки на нивните општини, да се најдат заеднички решенија за одредени проблеми. Мотивот поради кој денес сум тука пред се, беше договор кој што имаме со Светската банка и е поврзан со енергетската ефикасност на јавните објекти. Договорот е потпишан во 2021 година, се уште трае, но беше со забавена динамика. Како министер, направив поголем притисок да се забрзаат работите, но се уште не одат со тоа темпо со кое јас би сакала да одат, рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека веќе е потпишан договор со една институција која дава поволни кредити, со кои треба да се инвестира во јавни објекти, со цел заштеда во енергијата, но и обезбедување на почиста животна средина, односно помало загадување.

-Токму од таа причина оставив шест месеци, да видам како ќе се движат работите околу овие проекти. Денеска седнавме да разговараме, во однос на проектот за кој издвојуваме околу 250 милиони евра од буџетот, рече Димитриеска Кочоска.

Напомена дека на средбата се зборувало и за темите во делот на блок дотациите во образованието.

-Се начнаа и темите во делот на блок дотациите во образованието. Општините имаат проблеми со финансирањето на пожарникарите, со јавните претпријатија. Се начнаа повеќе теми, за кои дел од нив можеме веднаш да дадеме одговор, за дел од нив треба заеднички да работиме и да ги промениме работите, затоа што секое одлагање на кој било проблем или нерешавање, само создава поголем проблем, додаде министерката.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски изјави дека ја поздравува посветеноста на министерката за финансии, напоменувајќи дека претходно имале целосна блокада од надлежните.

-Кога говорам конкретно за Министерството за финансии, ние имавме целосна блокада од таа страна претходно и никаква соработка. Ја поздравувам исклучителната решителност на министерката да дојде на оваа средба заеднички да разговараме за сите теми, за прашања и проблеми со кои се соочуваме 30 години како општини. Да ги отвориме овие суштински проблеми на општините, на јавните претпријатија, но и да започнеме процес во изнаоѓање на решенија. Многупати во минатото, во нашата држава и од страна на локалните власти и од централната власт сме се наоѓале во состојби каде што се констатира нешто што веќе било констатирано, но секогаш се наоѓало изговор за да не се решат проблемите, рече Ѓорѓиевски.

Тој потсети на потпишаниот меморандум за соработка и разбирање со премиерот Христијан Мицкоски, за кој рече дека ќе се решат многу проблеми од минатото.

Тој најави дека во следниот период ќе оствари средба со Министерството за одбрана во врска со платите на пожарникарите.

-Со меморандумот за соработка потпишан со премиерот, веќе започнуваме фаза од која ќе се решат повеќе проблеми од минатото. Она што е суштински проблем, е поврзан со блок дотациите кој што денеска го дискутиравме заеднички. Во наредниот период со Министерството за одбрана кое е надлежно во делот на пожарникарите, ќе направиме и една заедничка средба. Тоа се недостатоците во однос на блок дотациите кои што стигаат до општините, а се потребни најпривн за покривање на платите. Тоа се средства за плати на пожарникарите. Слична е состојбата и со блок дотациите во градинките. Имаме недостатоци и во процесот со стигнување на блок дотации за основно и средно образование во општините. Го отвориме и прашањето за унгарскиот кредит, кое е сериозен импут и помош за општините. Ние сме исклучително благодарни на Министерството за финансии и на Владата што наменски средствата влегуваат во општините, додаде Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скапа струја за јавните претпријатија: Наредната недела решение, дел од институциите веќе со нови договори

Следно

Орбан: Унгарските невладини организации финансирани од странство со цел соборување на Владата

Latest from Blog

Тоневски: Благодарност до учителите за секој час, совет и охрабрување

По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата. Тоневски посочи

Гаши со поранешните собраниски претседатели: Формиран Совет за институционална меморија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната трета средба со поранешните собраниски претседатели ја потпиша одлуката за формирање Совет на поранешни претседатели на Собранието. На средбата присуствуваа поранешните претседатели Тито Петковски, Никола

Берзата со промет од 7,4 милиони денари, МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.962,91 поени. Во однос

Македонската берза во септември со промет од 402 милиони денари, Комерцијална убедливо најтргувана

Месечен извештај за периодот 01.09.2026–30.09.2026. Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјалниот месечен билтен на Македонска берза. Вкупниот промет во септември, вклучувајќи ги блок-трансакциите, изнесуваше 402.389.011,49 денари. Редовното тргување

Силна недела на Македонската берза: МБИ10 скокна 3,27%, Комерцијална најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 28.09.2026–02.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 128.132.406 денари: 79.156.908 денари со акции и 48.975.498 денари преку јавна понуда
Go toTop