Нетанјаху: Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија

February 7, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија наместо во сопствената татковина, отфрлајќи го секој поим за палестински суверенитет, јавува Анадолу.

„Саудијците можат да создадат палестинска држава во Саудиска Арабија; таму имаат многу земја“, рече Нетанјаху во интервјуто за израелскиот Канал 14, непочитувајќи ги долгогодишните палестински барања за самоопределување.

На прашањето дали е неопходна палестинска држава за нормализација на односите со Саудиска Арабија, тој целосно ја отфрли идејата посочувајќи ја како „безбедносна закана за Израел“.

„Особено не палестинска држава. По 7 октомври? Дали знаете што е тоа? Имаше палестинска држава, се викаше Газа. Газа, предводена од Хамас, беше палестинска држава и погледнете што добивме“, рече тој, отфрлајќи повторно создавање палестинска држава.

Нетанјаху се осврна и на потенцијалната нормализација на односите со Саудиска Арабија која предвидува неизбежен договор.

„Мислам дека мирот меѓу Израел и Саудиска Арабија не само што е изводлив, мислам дека и ќе се случи“, рече тој.

Сепак, саудиското Министерство за надворешни работи го отфрли наративот на Нетанјаху, повторувајќи дека нормализацијата на односите со Израел не е на маса доколку не се формира палестинска држава, став што Нетанјаху продолжува да го игнорира.

Интервјуто се одржа за време на престојот на Нетанјаху во Вашингтон, каде што се појави заедно со американскиот претседател Доналд Трамп на заедничка прес-конференција.

За време на настанот Трамп рече дека САД ќе ја „преземат“ Газа и ќе ги преселат Палестинците на друго место според вонредниот план за обнова за кој тој тврди дека може да ја претвори енклавата во „ривиера на Блискиот Исток“.

Тој го повтори својот предлог и вчера и рече дека нема да бидат потребни американски војници.

Предлогот беше широко осуден од светските лидери​​​​​​​.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

Следно

Турското разузнавање неутрализира висок терорист на ПКК во Ирак

Latest from Blog

Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски,

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО 

Во фокусот на дведневниот Самит во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот

Новак Ѓоковиќ сака да се пресели во Грција

По информациите дека Новак Ѓоковиќ е во Атина за да преговара со грчките власти за преселба на неговото семејство, францускиот портал „Ние го сакаме тенисот“ објави дека причината за оваа одлука е ставот на

Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во
Go toTop