Болницата 8ми септември ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Велес и Куманово

February 6, 2025
1 min read

Идејата за изградба на нов клинички центар е паузирана – во меѓувреме се планира Градската болница Осми септември да стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Велес и Куманово со што ќе се намалат гужвите на Клинички центар.

Првиот човек на Фондот за здравство вели дека од сите постоечки капацитети во Македонија, најблиску до стандарди за универзитетска клиника, има „8 Септември“. 

„Морам да кажам дека во „8 Септември“ се изведуваат методи кои не се изведуваат на Клиника. Тука гледаме најмногу потенцијал, со најмало вложување да добиеме најдобар одговор.“ – Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Осми септември годинава е меѓу болниците која ќе добие поголем буџет од Фондот. Меѓу нив се и Клиниката за онкологија и клиниката за детски болести. Менаџментот на фондот со тоа очекува да не се јавува повторно недостиг од онколошка терапија, а на дестката клиника се планира намалување на возрасната граница на пациентите со цистична фиброза за примање на лекот Трикафта. Со зголемените буџети се најавуваат и нови методи на лекување. 

Повеќе пари ќе има и за приватните здравствени установи. Од комората ма приватно здравство очекуваат со тоа да се подобри превенцијата кај населението и да се намалат трошоците за болничко лекување. Почетниот буџет на Фондот за здравство за годинава е 53,4 милијарди, за 7 милијарди поголем од ланскиот.

Но, како што се зголемуваат буџетите, Фондот најавува и зголемување на контролите. Директорот Клековски порача дека на директорите им е предочено дека зголемените буџети доаѓаат со зголемени очекувања и резултати од кои бенефит ќе имаат пациентите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Двата земјотреса во февруари 2023-та предизвикаа финансиска загуба за Туркије од 104 милијарди долари

Следно

Вонредна состојба прогласена на Санторини

Latest from Blog

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop