Голема снежна бура во САД: Температури до -45 Целзиусови степени, затворени фирми и училишта

February 23, 2023
1 min read

Додека околу 75 милиони луѓе во 29 држави се под предупредување за зимско време, се предвидува дека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури

Зимско невреме ги погоди САД, поради што фирмите и училиштата се затворени низ Дакота, Минесота и Висконсин. Речиси 5 000 американски летови се откажани денеска, јавува Би-би-си.

Додека околу 75 милиони луѓе во 29 држави се под предупредување за зимско време, се предвидува дека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури.

Метеоролозите предвидуваат силни налети на ветер чија брзина ќе достигне 80 km/h, додека поради студениот ветер во некои делови на САД температурите би можеле да паднат и до -45 Целзиусови степени.

Во северните држави, прогнозите за половина метар снег во некои делови може да значат дека областите ќе ги издржат најобилните снежни врнежи во последните 30 години. Гувернерот на Минесота Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе биде на располагање да им помогне на возачите заглавени во снежната бура.

„Ова е потсетник да останете дома и да го ограничите патувањето ако е можно“,

предупреди утрово Одделот за транспорт на Јута.

Метеоролозите рекоа дека бурата може да создаде леден појас долг 1 200 милји (2 092 километри), од Небраска до Њу Хемпшир.

Во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што е нормално сончево и топло, ќе врне снег, а во планините и во подножјето на Вентура ќе дува силен ветер.

„Цела Калифорнија може да види снег подоцна оваа недела“,

напиша на Твитер Дејвид Свејн, климатолог од Универзитетот во Калифорнија – Лос Анџелес.

Високи температури во некои делови на САД

За разлика од западниот дел на земјата, во делови од источниот дел на САД ќе има високи температури. Температурите во Орландо, Флорида би можеле да достигнат 32 Целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени.

„Го гледавме овој модел цела зима, каде што западниот дел на САД има потпросечни температури, а источниот дел на САД има натпросечни температури“,

изјави за Би-би-си климатологот Ендрју Круцкиевич од Универзитетот Колумбија.

Снежна бура и во Канада

Големи делови од Канада се под временски предупредувања, вклучително и Торонто. Таму се очекуваат од 10 до 15 сантиметри снег и замрзнат дожд.

Иако Канада штотуку имаше рекордно висока температура за февруари, делови од Торонто може да забележат значителна акумулација на мраз.

Во делови од Алберта се во сила предупредувањата за екстремен студ, а во некои региони температурите ќе паднат до минус 40 Целзиусови степени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Герасимовски: Центар чекори кон енергетска независност

Следно

Прифаќањето украински бегалци ја чини Франција речиси 500 милиони евра годишно

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop