Анализа на Костов: Радар и под радарот – 250 дена прес-клипинг и аудио-видео мониторинг

February 5, 2025
3 mins read

Опсервација и анализа на јавната (општествена и медиумска) сцена во РМ (прв дел)

 Почитувани, во деновите пред нас, во неколку продолженија ќе ви ја претставам мојата анализа насловена “Радар и под радарот – 250 дена прес-клипинг и аудио-видео мониторинг на општествената и медиумска сфера во Република Македонија“. Опсервацијата и анализата се однесуваат за период од мај 2024г. до јануари 2025 година. Во тој период обсервирав и анализирав 975 артикли во медиумите, како колумни, есеи, написи, јавни настапи, дебати, дуели, расправи и емисии.

Во фокусот на моето интересирања беа институти, центри, клубови и фондации, како Фондација Македонија, Бугарска меморија, Фондација Зоран Заев, Бугарски клубови во Битола, Охрид, Струга, Струмица и Прилеп, институтот “Преспа“ и др. Понатаму, ги следев и анализирав колумните, есеите, статусите, налозите, настапите во медиумите на професорите и дипломати Денко Малески, Љубомир Д.Фрчковски, Мирослав Грчев, Ана Чупеска, Мирјана Малеска, Андреја Стојковски, Ѓорги Спасов, Нано Ружин, Рубин Земон, Никола Дујовски, Владимир Пивоваров и Мирјана Најческа.

Предмет на мое интересирање беа и изјавите, дебатите, расправите на аналитичарите Петар Арсовски, Мерсел Биљали, Благојче Атанасовски, Исмет Рамадани, Арсим Зеколи, Џабир Дерала, Суад Месини, Абдуладин Вејсели, Јани Макрадули, Филип Петровски, Љубомир Гајдов, Ибраим Мемети, Агим Јонуз, Тони Науновски, Ким Мехмети, Глигор Стоименов, Алберт Муслиу и Сефер Тахири.

Посебно интерерси за мене беа медиумите, Трибуна, Слободен печат, Народен глас, Либертас, Независен, Окно, Цивил Медиа, Рацин.мк, Фокус со нивните написи, мини-анализи и колумни, како и емисиите на ТВ Телма, ТВ Сител, ТВ 24 вести. Во тој контекст анализирани се и уште 10-12 интернет-портали и поткасти, помалку или повеќе познати на јавноста.

Секако, не можев да ги прескокнам и текстовите и написите на познатите новинари како што се Сашо Орданоски, Билјана Секуловска, Борјан Јовановски, Зоран Бојаровски, Александар Чомовски, Боби Илиевски, Ерол Ризаов, Љубиша Николовски, Манчо Митевски, Жарко Трајановски, Васко Попетровски, Горан Михајловски, Катерина Блажевска, Соња Крамарска, Љупчо Поповски, Александар Митовски, Милош Милошовски, Марјан Николовски, Горазд Чомовски, Оливера Трајковска и Младен Чадиковски.

 

Фокус прашања и сегменти на анализата

Проверував и дојдов до сознание дека во Република  Македонија ниту еден медиум не е во целосна сопственост на правни или физички субјекти од Бугарија, Грција, Србија, Косово или Албанија, а сепак, наративи во интеррес на овие држави се присутни во нашата медиумска сфера. Тоа присуство се повеќе и повеќе станува наметливо, дури и агресивно. Така, се потврдува фактот дека социјалните медиуми, кои како платформа го користат Интернетот, се најкористени за промовирање на агендите на недемократски центри на регионалната, европската и светската политичка и економска моќ. На тој начин, медиумите од канали за комуницирање и информирање се претвораат во алатки за пресметки и наметнување на политички, бизнис и државнички интереси на најразлични меѓународни организации(НАТО, Г7, Г21, БРИКС, АСЕАН, УСАИД и др.) и регионални, европски и светски сили(САД, Кина, Русија, Индија, Изреал, Иран). Такви се примерите со Трибуна, АлЏезеира, Фондациите Македонија и Бугарска меморија, поточно нивните портали, Независен, Слободен печат, порталите на бугарските клубови во Битола, Охрид, Прилеп, Струмица, кои неретко забегуваат во таблоидизација, преку нивниот медиумски шунд и кич(дезинформации, невистини, скандали, спектакли, поттикнување на омраза), а понекогаш и во талибанизација, вршејќи терор врз нашата свест.

 

Метаморфозиси, Вистиномери и Полиграфи колку сакаш – ама невистини и дезинформации уште повеќе 

Анализата се бави и со феноменот на селективноста во опфатот на опсервациите и пристрасноста на разноразни Метаморфозиси, Вистиномери, Полиграфи и слични медиумски “ѕверчиња“, кои наместо да покажат професионалност и објективност тие тренираат медиумска строгоќа. Па така, имаат ширум отворени очи за кинеско, руско и иранско медиумско влијание во Македонија, а при очи не го гледаат и при рацио не го детектираат бугарското, грчкото, косовското, албанското, српското, германското, француското влијание,  а за нагласеното влијание на САД и Велика Британија и да не зборуваме.

Поаѓајќи од овие неспорни факти, причините за оваа опсервација и анализа се повеќекратни. Некои од нив се: Како прва причина, секако е да се обидам да направам квалитативна и квантитативна анализа на содржините во еден дел од информативниот простор во Македонија; Потоа, врз основа на тие содржини да дадам одговор на круцијалното прашање дали медиумите се заштитници на јавниот интерес или пак заложници на политичките, партиските и сопственичките интереси?; Понатаму, ако е можно да проценам дали и во која мера медиумите се независни од политиката? Дали медиумите се отворена платформа за демократска расправа? Каков е интегритетот на медиумите? Има ли медиумски могули во Македонија и какво е нивното влијание во/на медиумската сфера? Во која мера медиумите се вистински коректив на власта и политиката воопшто, во контекст на идеалот “добро владеење“? Има ли корупција во медиумската свера? Зошто медиумската писменост е на загрижувачко ниско ниво? Дали и колку медиумската писменост е позната категорија на основното, средното и високото образование? Зошто отсуствува целосна регулација на интернет-медиумите во Република Македонија? Недостасува ли стратегија на државата за развој на медиумската сфера? И секако, каде се изгубени во простор и време новинарските здруженија и синдикати, како и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги(ААВМУ).

Има уште интересни горливи прашања за оваа чувствителна тематика, но за почеток споменатите се сосема доволни. Ќе се обидам да ги идентификувам сите странски наративи во медиумите, при што ќе се фокусирам на нивниот обем и интензитет. Секако, ќе бидат посочени и актерите, протагонистите, антагонистите, а ќе ги мапираме и сценаристите и режисерите на овој медиумски хаос спроведен на балкански начин. Да, токму така, изведбата е балканска, ама аромата(во екстремни случаи и реата) е белосветска, смислена и продуцирана од недобронамерници на Македонија. Крајната цел е да се открие штетното влијание врз перцепцијата и мислењето на граѓаните на Македонија, со желба да се подигне нивото на свесност и препознавање на таквите содржини.

 

Сотир Костов

 

 

Оваа анализа го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на курир.мк во целина

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил

Следно

Попов: Професорот во обид да добие визибилност кај студентите и младите се изрезили

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop