Протест против сообраќајно насилство закажан за во сабота во Неготино

February 4, 2025
1 min read

Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“, закажан е за во сабота во Неготино, информираа вечерва организаторите на настанот, на Фејсбук група посветена на овој град. Протестот ќе се одржи во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, кај семафорите.

– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи, пишува во повикот за учество во протестот.

Притоа се наведуваат и барањата на протестниот марш – безбедни улици за сите, почитување на пешачките премини, ограничувањата на брзината и правата на сите учесници во сообраќајот. Поголема свест за опасностите, строга контрола за возење под дејство на алкохол и наркотични супстанци. Најстроги казни за сообраќајните насилници, без толеранција за оние што возат без дозвола, без соодветна обука или намерно ги загрозуваат животите на другите. Одговорност од институциите, крај на заташкувањето на сообраќајните злосторства и правна правда за жртвите.

– Фросина заслужува правда. Викторија заслужува правда. Сите жртви на сообраќајното насилство заслужуваат правда, порачаа организаторите на настанот.

Истовремено, објавена е и информација дека другарките на Фросина која загина на „Партизанска“ во Скопје, организираат бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот претседател Ал Шара изрази желба за трансформирање на односите со Туркије во стратешко партнерство

Следно

Тодор Кулаков: Иронија на судбината или не, по прегазувањето на Фросина автомобилот го оставил пред нашата зграда

Latest from Blog

Општина Прилеп: Ченто останува симбол на достоинството, слободата и македонската државност

Општина Прилеп денеска оддаде почит на Методија Андонов-Ченто, еден од најзначајните македонски историски личности и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, по повод 69-годишнината од неговата смрт. Пред споменикот на Ченто во

ЈКП „Водовод“ – Битола: Лабораториските анализи потврдуваат – битолската вода е безбедна за пиење

ЈКП „Водовод“ – Битола соопшти дека континуирано спроведува строга контрола на квалитетот на водата за пиење, при што во изминатите три години се реализирани повеќе од 16.600 лабораториски анализи кои потврдуваат дека

Рома извиси, Самервил потпиша за Ал-Хилал

Рома не успеа. Крилниот напаѓач Крисенсио Самервил се сели во Ал-Хилал со перманентен договор од англиски Вест Хем. 24-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи во Амстердам и потпиша четиригодишен договор со клубот

Предлогот за министер без ресор денеска на пленарка

Лидерот на демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула е предлогот на премиерот Мицкоски за нов министер без ресор. Пратениците на денешната пленарна седница ќе треба да се произнесат за неговиот избор. Предлогот
Go toTop