Надал: Ништо не ми недостасува од времето кога бев тенисер

February 4, 2025
1 min read

Рафаел Надал се појави во јавноста три месеци по неговиот последен меч. Легендарниот шпански тенисер ја доби наградата од познат медиум во Барселона.

Надал долго време се мачеше со повреди, обидувајќи се да биде конкурентен на најголемите турнири и покрај сите проблеми што ги имаше. Сепак, минатата година одлучи дека повеќе не може да издржи, па се прости од својот сакан спорт на Дејвис купот во Малага.

-Последните неколку години беа многу тешки, но токму тоа ми помогна сега ништо да не ми недостасува од времето кога бев тенисер, изјави Рафаел Надал.

Освојувачот на 22 Гренд слем титули истакна дека се наоѓа во „преоден“ период и се подготвува за животот што сака да го води во иднина.

Тој призна и дека сè уште чувствува болка – но дека сега може нормално да функционира.

-Чувствувам болка, но вистината е дека не се форсирам премногу во моментов. Сега можам да живеам со многу малку болка и ова ми е многу важно. На крајот на краиштата, нормалното кревање и спуштање по скали во секојдневниот живот ми се многу важни работи. Можам да живеам во мир, немам многу болки, додаде Шпанецот.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата донесе одлука за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, одржана и тематска седница за програмите за работа

Следно

Пренџов: Во петок закажавме јавна расправа која ги вклучува сите чинители за да не ни се повторуваат вакви трагедии

Latest from Blog

ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/ Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта
Go toTop