Полскиот Национален парк „Татра“ привлече рекордни 4,9 милиони посетители со својот величествен пејзаж

February 4, 2025
1 min read

ЗАКОПАНЕ (АА) – Изминатата 2024 година, Националниот парк „Татра“ во Полска го посетија рекордни 4,9 милиони посетители, со што стана едно од најпосетуваните места со природни убавини, јавува Анадолу.

Со овој нов рекорд, паркот го надмина бројот на посетители и на Големиот Кањон и на Јелоустоун во Соединетите Американски Држави (САД).

Паркот е волшебно чудо на природата, што особено привлекува посетители за зимските скијачки активности и е посакувана дестинација и за љубителите на природата и за зимските спортови.

Татра се наоѓа во јужниот дел на Полска, се простира на површина од 211 километри квадратни и опфаќа еден од двата алпски планински венци во Полска.

Пејзажот на паркот се состои од врвови со остри рабови и вдлабнатини со бројни карпести формации, а тука се наоѓа и највисокиот врв во Полска, Риси (2.499 метри).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лешко: Синот не може никој да ни го врати, ние бараме само правда

Следно

Ердоган во Анкара оствари средба со сирискиот привремен претседател Ал-Шара

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop