Николоски: Прв чекор на Таравари му беше да го сруши Села кој делуваше опозициски, а втор чекор му е куќата во Тафталиџе која ја доби поклон

February 22, 2023
1 min read

„Во врска со Собранието, тоа е едно големо прашање кое што сега се случува во Собранието имено се обидува власта на СДСМ и ДУИ да ја внесе Алијансата на Албанците во Владата. Обидот за внесот на Алијансата на Албанците во Владата е класичен пример вака насликано како на платно, како на екранот на политичка корупција и политичка проституција. И знам дека овие мои зборови многу ги болат и затоа ме напаѓаат како што ме напаѓаат“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Николоски додаде дека на избори се оди за да се знае кој е власта, а кој е опозиција. Тоа е смисла на демократијата, баланс да има.

„Која е логиката да се оди на избори, ако сите после сакаат во Влада да влезат? Која е логиката Албанците во Македонија да гласаат за ДУИ или за Алијанса на Албанците, па едните да победат, другите да изгубат, едните да се власт, а другите да се опозиција, ако двете сакаат во Влада. Која е логиката да Алијанса на Албанците е посебна политичка партија ако сака со ДУИ во Влада? Логиката е политичката проституција и политичката корупција“, нагласи Николоски.

Тој посочи дека ова е политичка проституција бидејќи да сте вие опозиција и да одите кај ВМРО-ДПМНЕ и да молите за поддршка на локални избори, и после тоа да сакате да влезете во Влада со СДСМ и ДУИ. Тоа е проституција, ништо друго, нема друг збор освен дека е политичка проституција.

„Кај е сега политичката корупција? Политичката корупција мора да се наслика, а таа од прилика изгледа вака, минатото лето на 20.08 имаше предвремени локални избори за Советот во Тетово. На тие избори покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците го прегази СДСМ 4:2 ги победивме, Алијанса на Албанците не успеа да освои ниеден советник. Што ќе се согласите дека е наприлично чудна ситуација за втората најголема партија кај Албанците во Македонија да не осои ниту еден советник. Највлијателен во т.н. Полошки регион односно во регионот на Тетово и Гостивар е Арбен Таравари, и очигледно е дека Арбен Таравари го намести својот партиски тогашен претседател Зијадин Села на тие избори. Односно намерно му работеше контра за да и се случи бродолом на Алијанса на Албанците и Зијадин Села да мора да си поднесе оставка. Бидејќи додека беше Зијадин Села претседател таму работеа тврдо опозициски, соработуваа со нас и се бореа против ДУИ“, рече Николоски.

Тој нагласи дека првиот чекор на Таравари беше рушење на Зијадин Села. А, втор чекор му е поклон на преубава куќа во скопската населба Тафталиџе. Таравари добива поклон куќа од 261 квадрат среде Тафталиџе. И третиот чекор е влез во Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николов: По две недели криење разбравме дека има крах на здравствениот систем, затоа потребно е надлежните да преземат одговорност за колапсот со здравствениот систем

Следно

Киев: Русија ги засилува трупите на неколку позиции на фронтот

Latest from Blog

Општина Прилеп: Ченто останува симбол на достоинството, слободата и македонската државност

Општина Прилеп денеска оддаде почит на Методија Андонов-Ченто, еден од најзначајните македонски историски личности и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, по повод 69-годишнината од неговата смрт. Пред споменикот на Ченто во

ЈКП „Водовод“ – Битола: Лабораториските анализи потврдуваат – битолската вода е безбедна за пиење

ЈКП „Водовод“ – Битола соопшти дека континуирано спроведува строга контрола на квалитетот на водата за пиење, при што во изминатите три години се реализирани повеќе од 16.600 лабораториски анализи кои потврдуваат дека

Рома извиси, Самервил потпиша за Ал-Хилал

Рома не успеа. Крилниот напаѓач Крисенсио Самервил се сели во Ал-Хилал со перманентен договор од англиски Вест Хем. 24-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи во Амстердам и потпиша четиригодишен договор со клубот

Предлогот за министер без ресор денеска на пленарка

Лидерот на демократската партија на Турците, Зулфикар Зејнула е предлогот на премиерот Мицкоски за нов министер без ресор. Пратениците на денешната пленарна седница ќе треба да се произнесат за неговиот избор. Предлогот
Go toTop