Нова главоболка за „Кралевите“: Алаба заработи нова повреда

February 4, 2025
1 min read

Австрискиот дефанзивец на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи нова повреда. Ова го соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

„По извршените тестови од медицинската служба на Реал Мадрид, на Давид Алаба му беше дијагностицирана повреда на аддукторниот мускул на левата бутина. Клубот ги чека дополнителните резултати од прегледот на играчот“, се вели во соопштението на прес-службата на Реал Мадрид.

Повредата се очекува да го исклучи 32-годишниот Алаба од клучните натпревари на Реал против градскиот ривал Атлетико Мадрид во шпанското првенство и во плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Дефанзивецот заработи повреда на вкрстените лигаменти на 18 декември 2023 година. Тој се врати во групата по повеќе од една година подоцна – на 30 декември 2024 година. Пред да дојде во Реал Мадрид, австрискиот репрезентативец настапуваше за Баерн Минхен.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија работи на тоа злосторствата извршени во Газа да не останат неказнети

Следно

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го прими шефот на египетската дипломатија

Latest from Blog

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила

Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – жртвите не смеат да бидат заборавени

По повод 84-годишнината од Дабничкиот масакр, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на 18-те прилепчани кои биле убиени кај Дабница на 19 септември 1942 година. Проданоски порача дека Дабница е едно
Go toTop