Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

February 4, 2025
1 min read

Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со дистрибутерот. Уште еден лек, најверојатно до крајот на оваа недела. Се надевам дека двата лека ќе стигнат го крајот на оваа недела, за едниот зависи од дистрибутерот. Друго, сѐ има на клиниката.

Ова го истакна попладнево директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Игор Стојковски, во изјава за МИА.

– Пациентите да бидат спокојни, со оглед на сите напори што ги правиме на клиниката за зголемување на буџетот и обезбедување на следливост на терапијата, се надеваме дека ќе нема проблеми со недостаток во иднина. Пораката што ја упатив денеска е дека треба да работиме заедно со здруженијата на пациентите, за подобрување на пристапот до сите тераписки модалитети и посебен акцент да ставиме на превенцијата и раната детекција на канцерот, истакна тој на Светскиот ден за подигнување на свеста и борбата против ракот.

Директорот рече дека бројот на новорегистрирани пациенти во принцип се зголемува. Тој подвлече дека превенцијата, подразбира здрава исхрана и физички активности, рана детекција.

Стојковски изрази надеж дека надлежните што побрзо ќе обезбедат и нови вработувања. Бидејќи само во последните две години, имало помалку околу 20 вработени, поради заминувања во пензија и спогодбени откази. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан изрази загриженост за чекорите на Нетанјаху по ослободувањето на израелските заробеници

Следно

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Каласлари- Градско

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop