Тениски скандал во Дејвис Купот (ВИДЕО)

February 4, 2025
1 min read

Дуелот меѓу Белгија и Чиле во квалификациската фаза во Дејвис Купот донесе голема драма на теренот, но иницијалниот судир меѓу Зизу Бергс и Кристијан Гарин на крајот означи старт на еден скандал.

Во одлучувачките моменти од третиот сет, Бергс со фантастичен пасинг удар се избори за брејк и се занесе при прославата на истиот, но додека го правеше тоа, не забележа дека ривалот минува крај мрежата.

Бергс се заби во Гарин и буквално го разнесе ривалот од Чиле, кој пак шокиран од потегот на својот противник, одби да го доигра мечот.

Жалејќи се на повреда од бизарната ситуација, Гарин во три наврати одби да се врати на теренот, по што беше дисквалификуван од страна на судијата.

На овој начин, Бергс се избори за победа без да го одигра завршниот гејм, а Белгија се пласираше во следната рунда на Дејвис Купот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

3,2 степени по Рихтер, земјотрес во Македонија

Следно

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со истакнати научници носители на престижни признанија

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop