Камбовски за несреќата на „Партизанска“: Се работи за случај кој ја потресе целата држава

February 3, 2025
1 min read

Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски, денеска изјави дека Судскиот совет ќе разгледува секој случај во кој има сомневање за пропусти на судиите при изрекување на пресуди, особено кога се во прашање сообраќајни несреќи и казнената политика на судовите. Тој нагласи дека е потребна сеопфатна анализа на казнената политика на судовите, која треба да покаже дали казните што се изрекуваат се соодветни и дали се одржува правичност.

„Се работи за случај кој ја потресе целата држава, изразуваме сочувство до семејството. Не би сакал во овие моменти на емоции да се носат брзи одлуки или заклучоци. Не е добро да се прават брзи промени во законите“, изјави Коцевски за случајот со Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин. Во врска со револтот кај јавноста за преблаги казни за сторителите на вакви дела, Камбовски истакна дека не се согласува со такви состојби и дека ќе се разгледуваат сите случаи каде има пропусти.

Прашан за случајот на судијката Алексоска Стојановска, која предходно дала преблага казна за сторителот на слично дело, Камбовски изјави дека не е запознаен со детали за тој случај и не би коментирал додека не ги добие сите факти. Тој посочи дека ќе се истражуваат сите случаи каде што има пропусти и, ако се утврди виновност, ќе се санкционираат судиите.

Тој исто така напомена дека, иако Судскиот совет не е надлежен за истраги за корупција, во случај на сомневања за корупција или тргување со влијание, тие ќе ги препратат сознанијата до Јавното обвинителство, кое е надлежно за водене на такви истраги.

Претседателката на Академија за судии и обвинители, Ирина Трајковска Стрезоски, смета дека построги казни за сторителите на сообраќајни незгоди се пожелни и дека изготвениот нов Кривичен законик ќе понуди нови решенија. Таа додава дека овој нов Кривичен законик е веќе во фаза на превод и треба да биде доставен до Венецијанската комисија до крајот на годината.

Во исто време, продолжуваат протестите на граѓаните, кои бараат одговорност од институциите за трагичната смрт на Фросина Кулакова. Мирни собири беа одржани во Скопје, Неготино и Кавадарци, при што граѓаните изразија револт и бараа построги казни за сторителите на сообраќајни несреќи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ПРЕСТИЖНАТА САЛА „МУЗИКФЕРАЈН“ ВО ВИЕНА

Следно

Снимки од денешното рочиште откриваат дека Вања била грабната во 7:29 часот, обинетите со „цитроенот“ дошле еден час порано

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop