Сирија: 14 загинати во терористички напад во Мунбиџ

February 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ/МУНБИЏ (АА) – Најмалку 14 лица загинаа, а 15 се повредени во терористички напад денес во подрачјето на Мунбиџ во сириската покраина Алепо, соопштија локални извори, јавува Анадолу.

Возило бомба експлодира на јужниот влез на Мунбиџ, кој е под контрола на Сириската национална армија (СНА).

Ранетите се пренесени во блиските болници, а постои загриженост дека бројот на жртви може да се зголеми.

Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но локалните безбедносни сили соопштија дека нападот можно е да е извршен од терористичката организација ПКК/ЈПГ.

СНА го ослободи Мунбиџ од терористите во декември 2024 година како дел од операцијата „Зора на слободата“.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е наведена како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. ЈПГ е нејзин сириски огранок.

Од падот на режимот на Асад во Сирија, терористичката организација се обиде да ја искористи регионалната нестабилност за да создаде „терористички коридор“ покрај границата со Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ги запознаваме ретките болести“ – СИНДРОМ ВАН ДЕР ВУД/ VAN DER WOUDE SYNDROME

Следно

Дончиќ се збогува со Далас: Отсекогаш мислев дека цела кариера ќе ја поминам во Маверикс, сакав да му ја донесам титулата на градот

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop