Ѓорѓиевски: Инвестиравме 7,2 милиони денари во градинката ,,8 март”

February 22, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека инвестирале 7,2 милиони денари во јавната детска градинка „8 март“.

Ѓорѓиевски кажа дека продолжуваат со унапредување на условите за децата од предучилишна возраст со инвестирање во градинките каде најмладите го поминуваат поголемиот дел од секојдневието.

– Со задоволство сакам да истакнам дека во изминатиот период вложивме 7.245.000,00 денари во објектите на ЈДГ ,,8 март”, каде согласно потребите, се интервенираше со повеќе различни градежни зафати. Денес сме во објектот ,,Пеперутка 2” во Драчево, каде се одвиваа голем дел дел од активностите, како на пример промена на електричната инсталација и целосно подобрување на енергетската моќност на објектот. Извршивме и преадаптација на пералната и кујната која сега ја опремуваме и со современа кујнска опрема. Со цел подобрување на енергетска ефикасност, во објектите ,,Расадник” и ,,Пржино” ги заменивме вратите и прозорците, а претходно вакви и слични зафати изведовме и во објектите на другата јавна детска градинка ,,Весели Цветови”, информира Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевска: Дијаспората ќе расте затоа што македонскиот граѓани се иселуваат, во овие 6 години не видоа ништо од ветениот живот на СДСМ, дури и претседателот на државата би се иселил

Следно

Инцидент на „Партизански одреди“: Три лица претепале 37-годишна жена

Latest from Blog

ШПАНИЈА ГОРИ, КОЈ ЈА ОСТАВА ДА ИЗГОРИ? Мадрид имал време да најде европски замени за руските авиони – парите биле потрошени за Украина

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење нa шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле

“БОМБА“: И Барса се вклучува во трката по Родри!!!

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ ДЕПОРТИРААТ МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ – Само една држава примател е од нашиот регион

Се прочистува и финализира списокот на држави во кои ќе се депортира “вишокот“ мигранти од Европската унија, пред се оние дојдени од Азија и Африка. На состанокот на Советот на ЕУ на
Go toTop