Некрофилите од СДС и Левица по теркот на кампањите за Мартин и Тамара ја злопупотребуваат и трагедијата на Фросина, да се дозволи институциите да делуваат

February 1, 2025
1 min read

СДС и Левица по теркот на злоупотребата на трагедиите на Мартин Нешкоски и малечката Тамара продолжуваат да ја градат својата политика и да ја злоупотребуваат трагедијата и загубата на Фросина. Воедно тие и трујат со политика и протестите кои се граѓански и последица на незадоволството од судско обвинителскиот систем,

Ваквата политичка некрофилија е резултат и последица на безидејноста и апсолутната потонатост во криминалот и корупцијата, на истите тие кои создадоа монструми од судство и обвинителство.

Тоа е истата политика која создаде впрегнати судии и обвинители кои даваат отпор на секоја реформа и секоја промена. Истите тие пропусти кои дозволија и неказнето да се провлекува низ системот и убиецот на Фросина.

Она што е врвот на некрофилијата е што СДС стана обвинител и судија пред институциите да реагираат и за телефонот на одговорниот за несреќата на Фросина.

Згрозени сме од постапките на СДС и Левица и нивната злоба бездушно да прават политика од туѓи трагедии.

Истовремено потсетуваме дека истиве овие никаде ги немаше да кажат за жртвите од модуларната од Дурмо турс или сообраќајката во Бугарија. Трите тие случаи се директно поврзани со корупција на нивни структури и коалициони од ДУИ. И со лична одговорност на нивниот лидер.

Народот нема втор пат да наседне на истите трикови на некрофилите од СДС кои би се здружиле и со ѓаволот и правеле се само да не се зборува за нивниот криминал и да не бидат тие предмет на анализа на обвинителството и органите на прогонот.

Ова е причина повеќе да има коренити и драстични промени во судството и обвинителството. Нешто за што даваат активен отпор од СДС. Промени ќе има исто како и одговорност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама убеден во победата на изборите и добивањето на четврт мандат

Следно

„Кој е следен?“, за утре е закажан нов протест на булевар Партизански одреди

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop