Една недела гори прилепската депонија, од „Комуналец“ велат дека намерно се пали

February 1, 2025
1 min read

Повеќе од една недела гори прилепската градска депонија кај селото Алинци. Со денови гаснат комуналците, пожарникарите, а на помош се и фирмите. Досега, сето е сведено на жаришта кои сѐ уште тлеат. Од прилепски „Комуналец“ велат дека намерно се пали депонијата.

– Во моментов гори стар отпад, од пред повеќе години. Секаков вид на отпад од индустриската зона. Се сомневаме дека човечкиот фактор е во прашање. Намерно подметнат пожар во депонијата. Голема е штетата. Особено за загадувањето и за здравјето. Опасност е за здравјето при и онака загадениот воздух, вели Рубин Абрашоски, директор на прилепското јавно-комунално претпријатие „Комуналец“.

Опозициската СДСМ од Прилеп за ситуацијата ги обвинува градските власти.

– За прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и за ВМРО-ДПМНЕ, прилепчани немаат проблем со загадувањето, бидејќи мерните станици не покажуваат такво нешто. А, не покажуваат бидејќи нема мерни станици, рече на прес-конференција пред градската депонија Ивона Кузмановиќ од СДСМ од Прилеп.

Прилепската градска депонија се простира на околу 50 000 метри квадратни. Ова е вторпат за година и половина да гори депонијата и да не се знае кој ја пали, ниту кои се причините за тоа. Единственото решение се гледа во изградбата на регионална депонија за 19 општини во Југозападниот регион со седиште во општина Новаци.

Деновиве, во Прилеп стигна иницијативата на општината Новаци дека прифаќа на нејзино тло да се гради регионалната депонија. Ова треба да го верификува прилепскиот градски совет.

– Стигна иницијативата на општина Новаци дека се согласува седиштето на Регионалната депонија за Југозападниот регион да биде во Новаци. Сега треба прилепскиот градски совет да ја прифати иницијативата, да донесе одлука за тоа. Со тоа започнува процесот на формирање на јавно претпријатие – регионална депонија во општина Новаци, изјави директорот на ЈКП „Комуналец“, Рубин Абрашоски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доделени социјални станови, нова градинка и нов спортски центар за најмладите- од јуни стартува изградбата на ветерен парк

Следно

15 минути се борел со кучиња скитници: Се спасил, но заврши со многу телесни повреди

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop