Власта размислува за повисоки казни во сообраќајот- важно е да се подигне и јавната свест

February 1, 2025
1 min read

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во изјава за медиумите рече дека сериозно се размислува за законски измени во делот на казните за направени прекршоци во сообраќајот, но според него, важно е да се подигне и јавната свест.

– Се работи и во делот на законските измени каде сериозно се разгледува можноста за порестриктивни, повисоки казни, меѓутоа најважно е да ја промениме свеста. Не може ако знакот е 60, некој да вози 100, ако е знакот 100, некој да вози 200. Да ја подигнеме јавната свест и како родители не треба да им се овозможиме на децата кои се малолетни да имаат средство со кое ќе бидат учесници во сообраќајот. Пред се тука мислам на моторчиња или свесно да возат возила без возачка дозвола, рече Јанев.

Бирото за јавна безбедност во соработка со Министерството за внатрешни работи веќе ги детектирале и црните точки на сообраќајот низ целата држава и најавуваат акции за подобрување на сообраќајната култура.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во фејсбук статус објавен по сообраќајната несреќа на булеварот „Партизанска“ каде загина 22-годишната Фросина Кулакова, го отвори прашањето за законски измени и најави дека наскоро ќе биде ставен во функција системот „Безбеден град“.

– МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?, напиша Тошковски.

Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Вчера, граѓани организирани преку социјалните мрежи одржаа мирен протест на местото каде загина Фросина барајќи одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди, а денеска на местото каде загина Фросина се уште има граѓани кои и оддават почит.

За утре во 17 часот повторно е закажан протестен марш под мотото „Кој е следен“. Целта на протестот, како што наведуваат организаторите, е да се адресираат трите главни проблеми и тоа нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификација на девијантното однесување.

Освен Фросина, на истиот пешачки премин во слична сообраќајна несреќа на 3 април 2015 година почина студентската Фросина Цековска, а на 20 јануари 2022 година на пешачки премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена студентката Викторија Николова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

11 години чекање за нова библиотека: Бројот на читатели во Тетово постојано се зголемува

Следно

Пандов најави дисциплинска и одговорност за мобилниот кај Јованов

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop