САД: По судирот на авион и хеликоптер близу Вашингтон извлечени 41 тело

January 31, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Екипите за пребарување извлекоа 41 тело од реката Потомак по судирот помеѓу комерцијален авион и хеликоптер во средата близу Вашингтон, изјави денес началникот на градската противпожарна и службата за итни случаи, Џон Донели, јавува Анадолу.

„Извлековме останки од 41 тело, а 28 од тие жртви се идентификувани; заклучно со 6 часот утринава, до 18 семејства се испратеи известувања“, изјави Донели за новинарите.

Вкупно 67 лица загинаа откако воен хеликоптер во лет се судри со авион на „Американ ерлајнс“, во близина на Националниот аеродром Роналд Реган кај Вашингтон, кои паднаа во реката Потомак доцна во средата.

„Очекуваме да ги извадиме сите тела“, рече Донели, додавајќи дека тимовите сè уште работат.

Тој истакна и дека временските услови може да ги забават операциите за пребарување „малку, но ние, сите единици сме овде, сите луѓе кои работат“.

„Мислам дека за да ги извадиме и другите останки, ќе треба да го извадиме трупот (на авионот) од водата“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Симоновска: Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете, директно им попречуваше на докторите

Следно

Наташа Андонова се врати во Шпанија и ќе игра за Мадрид

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop