Вујо во елемент: Хрватска играше против обложувачи, стручњаци, новинари…

January 31, 2025
1 min read

Веселин Вујовиќ не штедеше комплименти за играта на хрватската репрезентација во полуфиналето против Франција и големата победа со која „коцкестите“ обезбедија финале на СП 2025.

„Секоја чест на Хрватите, кои играа против обложувачите, стручњаците, новинарите…. сите ја гледаат Франција како сикгурен финалист, но видовте што се случи на теренот. По чудото во финишот против Унгарија, Хрватите направија уште едно ракометно чудо и треба да им се честита за тоа“, изјави Вујовиќ.

Легендарниот тренер не пропушти да ги критикува Французите за чудната тактика што ја имаа во ова полуфинале.

„Французите самите си се виновни за она што им се случи. Играа одбрана 3-3, зона каква што играат селекции како Алжир и Кувајт… Против Хрватска, но и против останатите селекции од Балканот не можеш да дојдеш до позитивен резултат. Ние сме од старата ју-школа на ракометот, навикнати сме да пробиваме и зона од 5-1, а камоли 3-3. Па кој можеше да го чува Шипиќ еден на еден на голем простор“, прокоментира стручњакот што како селектор на Катар беше дел од овој ракометен мундијал.

Вујовиќ го критикуваше хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон по претходните натпревари на „коцкестите“, но овојпат имаше само комплименти за тактиката на оваа селекција, особено за една важна работа во одбраната.

„Она што го видов во одбраната ме потсети на времето на Лино Червар, кога Вори играше напред во зоната 5-1. Сега Сигурдсон го направи истото со Мамиќ и беше големо изненадување. Така висок човек напред во одбраната, ги исфрли од ритам Французите во нападот во првото полувреме и изнуди многу грешки. Тоа беше маестрален потег на хрватскиот селектор, мило ми е и за самиот Мамиќ, кој со години работи напорно, а сега ја доби улогата на тивок херој“, истакна Веселин Вујовиќ.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија се повлече од преминот Рафа, ја предаде контролата на силите на ЕУ

Следно

Ѓурчевски во Аргумент плус: Потребни се повеќе полициски контроли по улиците за да немаме незгоди со смртни последици

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop