Маричиќ: Сите да се фокусираме на реформите и уставните измени

January 9, 2023
2 mins read

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на осмата седница на Националниот Совет за евроинтеграции, посветена на програмата и приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ, на која посочи дека очекува следните месеци сите да се фокусираат на брзо спроведување на реформите и на уставните измени.

-Следниот период нè чека интензивна трансформација на македонското општество, подготовка на Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, завршување на уставните измени и скрининг процесот, рече Маричиќ додавајќи дека има доволно време и простор успешно да ги завршат уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од наш политички фактор, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност.

На почеток вицепремиерот Маричиќ ѝ честита на амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, за преземањето на ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија и истакна дека од особено значење е посветеноста на Шведска на процесот на европска интеграција и на безбедноста на Западен Балкан и Европа.

– Очигледно е дека војната во Украина поттикна заживување на политиката на проширување на ЕУ. Безбедносната криза потврди дека обединетоста е клучот за стабилност на Европа и регионот, но и покажа дека Северна Македонија е кредибилен и вистински партнер на ЕУ, со 100 отсто усогласеност со европската надворешна политика, истакна Маричиќ.

Маричиќ се заблагодари на чешкото претседавање и на амбасадорот Лудва, за историските одлуки кои се направија изминатите шест месеци за иднината на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, во време на големи предизвици за земјите од ЕУ и за Унијата во целина.

– За време на чешкото претседавање, Северна Македонија после 17 години го направи историскиот чекор на патот кон ЕУ, ги започнавме преговорите со ЕУ. Сега најважно е сите заедно да останеме доследни на нашата стратешка цел, и да обезбедиме продолжување и континуитет на преговорите со ЕУ, рече Маричиќ, додавајќи дека мора да се обединат околу прашањето за европската иднина на земјата и со политички консензус да им се обезбеди на граѓаните стабилност, просперитет, нови можности, европски стандарди и функционирање на државата врз европски принципи и вредности.

-Очекувам сите да се на ниво на својата задача, а најповеќе очекувам од институциите и од Собранието, да преземат одговорност и да покажат проактивност, за брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда и во 2030 Северна Македонија да ја внесеме во Европската унија, истакна вицепремиерот.

На седницата свое обраќање имаше и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, која ги презентираше приоритетите на претседателството, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“.

Во фокусот на своето претседателство, таа кажа дека шведската Влада ги постави прашањата поврзани со: зачувувањето на европското единство и зајакнувањето на безбедноста, конкурентноста, зелената агенда и енергетската политика и зајакнување на демократските вредности и владеењето на правото.

Евроамбасадорот Гир во своето обраќање потенцираше дека периодот од сега до редовните избори во 2024 е време за да се „турнат“ реформи чекот понапред и да се направат уставните измени. Тој додаде дека како приоритет останува безбедноста, обединувањето на ЕУ, евроинтеграцијата на Западен Балкан и заедничкиот одговор на предизвиците предизвикани од војната во Украина, потенцирајќи дека ЕУ подготвува нов пакет помош за надминување на последиците од енергетската и економската криза.

Маричиќ потврди дека до 30 јуни годинава, колку што ќе трае шведското претседателство со ЕУ, ќе работат рака под рака со Шведска, бидејќи според него само со единство можеме да придонесеме во напредокот на нашата европска иднина и иднината на Европа.

– Убеден сум дека ќе успееме овие шест месеци да ги искористиме за напредок и интензивирање на реформите, а за време на шпанското претседателство, да го осигураме процесот на преговори со ЕУ и европската иднина на земјата, нагласи Маричиќ, истакнувајќи дека со тоа Северна Македонија влегува во следната фаза на евроинтеграциите и ќе ја одржи втората Меѓувладина седница со ЕУ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Следно

Бразил: Бројот на уапсени приврзаници на Болсонаро порасна на околу 1 500

Latest from Blog

Герапетритис: Со Египет работиме на обезбедување на правата на Синајскиот манастир Света Катерина

Прашањата поврзани со Синајскиот манастир Света Катерина беа во фокусот на средбата во Каиро на министрите за надворешни работи на Грција и Египет Јоргос Герапетритис и Бадр Абделати, а шефот на грчката

Мисајловски учествува на министерски состанок на НАТО во Брисел – главни теми Самитот во Хаг, Украина и одвраќањето и одбраната

Самитот на НАТО во Хаг, поддршката за Украина и зајакнувањето на одбраната ќе бидат главни теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој ќе учествува и

Вечерва дружба со шампионите во Аеродром

Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ вечер организираат традиционална средба со шампионскиот тим вечерва во 19:00 часот пред платото пред хотелот „Русија“. -Идејата за средба со кошаркарите на МЗТ

Руте: „Министрите за одбрана на членките на НАТО се состанаа за да разговараат за развој на капацитетите за одбрана“

ИСТАНБУЛ (АА) – Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се состанаа денес во Брисел за да разговараат за целите за развој на одбранбените капацитети, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк
Go toTop