Португалија и Хаити обезбедија дебитантски настапи на женскиот Мундијал во фудбал

February 22, 2023
1 min read

Репрезентациите на Португалија и Хаити ги пополнија денеска две од преостанатите три места за настап на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција кое од 20 јули до 20 август ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

Својот дебитантски настап на мундијалскиот турнир фудбалерките на Португалија го обезбедија со триумф во плејофот против Камерун од 2-1 по продолжение во новозеландскиот град Хамилтон.

Португалија на Мундијалот ќе игра во групата Е против САД, Виетнам и Холандија.

Претходно денеска свое прво Светско првенство обезбеди и Хаити триумфирајќи во Оукленд над Чиле со 2-1. Хаити на завршниот турнир ќе биде во групата Д со Англија, Данска и Кина.

Последниот учесник на претстојното Светско првенство ќе биде познат по одигрување на утрешниот плејоф во Хамилтон меѓу репрезентациите на Панама и Парагвај, а победникот ќе игра во групата Ф со Бразил, Јамајка и Франција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тендерот за пречистителна станица во Скопје завршил, ама Арсовска не сакала да го потпише договорот

Следно

Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop