Тригодишно дете од Пробиштип заболено со голема кашлица

January 31, 2025
1 min read

За една недела, односно во периодот од 24 до 30 јануари годинава, пријавен е еден нов случај на голема  кашлица, за разлика од претходниот седмодневен период кога биле пријавени два случаи. Станува збор за дете од Пробиштип на возраст од 3 години, вакцинирано согласно возраста, кое е епидемиолошки поврзано со претходно заболен член од  истото семејство, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со голема кашлица.

Во периодот 2024/25 година, заклучно со вчера на територијата на земјава регистрирани се вкупно 1.179 лица заболени од голема кашлица, од кои хоспитализиран е 191 случај, од кои најголем дел припаѓаат на возрасната група од 0-4 години (n=168, 88%), кои во просек биле хоспитализирани по осум денови.

Најголем број од заболените лица се регистрирани на територија на Скопје (70,4%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ државава. Од вкупниот број на регистрирани случаи, 746 случаи (односно 63,3%) не  биле вакцинирани, не биле комплетно вакцинирани согласно возраста или немале доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=302), просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13,7 години.

– Во тек е епидемија на територијата на град Скопје. Како што наведуваат, во последните два месеци во државата се регистрираат само поединечни случаи на пертусис. Највисока инциденца од 265,1/100.000 жители се регистрира во Кратово, во Скопје (136,7/100.000) и во Куманово (102,5/100.000). Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од 0-4 години (37%), а највисока инциденца се бележи во возрасната група под 1 година и изнесува  1.566,4/100.000 жители, посочуваат од ИЈЗ.

ИЈЗ нагласува во извештајот дека од пријавените 1.179 случаи, лабораториски биле потврдени 1.176.

Од 18 јануари 2024 година до 23 јануари 2025 година, на територијата на земјава дадени биле вкупно 96.114 дози на вакцина која содржи компонента против голема кашлица. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крвави отпечатоци од раце на протестот пред Кривичен по смртта на Фросина

Следно

Кривичен ја објави пресудата за претходното кривично дело на Јанев кој што ја прегази Фросина

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop