Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој пред Асоцијацијата на Балкански комори

January 31, 2025
1 min read

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје.

На Собранието, тој ја презентираше владината програма за развој на инфраструктуртата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

“Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во перидот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Исто така очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во месец фебруари да започнеме со изградба и на автопатот Тетово – Гостивар, така да целиот западен дел на коридор 8 да се работи. Во делот на коридор 10 д, ставивме во фунција еден дел од експресниот пат Прилеп – Градско, во следните два месеци очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопат Прилеп – Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола” истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на кородор 10 се работи на проектирање на нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.

“ Во делот на коридор 10 работиме на изнаоѓање на финансиски средства за изградба на брза пруга по целиот коридор како дел од европскиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во своето обракање тој потенцира дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а во однос на брзиот транспорт на граничните премини додаде:
“Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти, исто така со Србија имаме интензивна комуникација да содадеме целосна функционалност со “One Stop Shop”, oчекувам до месец април со Косово да имаме “One Stop Shop”, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интенизивно работиме на нивно проширување и модернизацијa”- истакна вицепремиерот Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Триминутен молк за загинатата Фросина: „Да запре неказнивоста, полицијата да е почесто на улиците“

Следно

„Денес се отвора преминот Рафа за транспорт на повредени лица“, соопшти египетски официјален претставник

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop