Триминутен молк за загинатата Фросина: „Да запре неказнивоста, полицијата да е почесто на улиците“

January 31, 2025
1 min read

Со триминутен молк стотици скопјани се простија од 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“…

Кобниот инцидент се случи на 29-ти вечерта, кога Фросина поминувала на пешачкиот премин. Во неа со возило удрил 20-годишник.

„Не мислам дека местото е кобно колку што луѓето се кобни коишто не внимаваат и не се грижат едни за други. Тоа што може да се направи, освен тоа што луѓето сами треба да имаат свест за тоа како возат, секако и пешаците како поминуваат, е надлежните да преземат нешто со ваквите случаи за да може ние во иднина да се чувствуваме посигурни“, изјави граѓанин.

Во притвор заврши В.Ј. кој возел со 130 километри на час, поминал на црвено светло на семафорот, немал ниту возачка дозвола, а бил и под дејство на алкохол. Присутните беа гневни, зашто возачот бил од претходно познат на правосудните органи.

„Во иднина да се поведе сметка со милицијата, а и децата да се воспитаат како што треба, а не без дозвола да им се дава кола. Жалосно е за детето што ќе лежи, но правдата мора да биде излезена“, изјави граѓанин.

„Ова е апел, крик до органите, вакви личности коишто континуирано го повредуваат законот да бидат отстранети од општеството за да не бидат опасност за другите граѓани“, вели друг граѓанин.

„Институциите не си ја вршат работата како што треба да ја вршат и вината покрај дечкото што возел е кривица на целиот систем, па би рекла и на сите ние што не се буниме и редно време е да реагираме на вакви ситуации, заради тоа што неказниво е поминато“, рече граѓанин.

Фросина беше студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ и со потекло од Неготино, каде исто така се организира протест. Се огласи и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека настанот е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масовни протести во Скопје – Граѓаните Бараат правда за Фросина Кулакова

Следно

Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој пред Асоцијацијата на Балкански комори

Latest from Blog

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и
Go toTop