ЕУ ја продолжи мисијата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Газа

January 31, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – ЕУ денес ја продолжи својата мисија на граничниот премин Рафа, што го поврзува јужниот дел на Појасот Газа со Египет, јавува Анадолу.

„Европа е тука да помогне. Цивилната гранична мисија на ЕУ денеска се распоредува на преминот Рафа на барање на Палестинците и Израелците“, објави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на социјалната мрежа X.

Според Калас, мисијата „ќе го поддржи палестинскиот пограничен персонал и ќе дозволи трансфер на поединци надвор од Газа, вклучително и оние на кои им е потребна медицинска нега“.

Преминот Рафа е затворен од мај 2024 година по копнената офанзива на Израел во јужниот град Рафа.

Оттогаш, хуманитарната помош е дозволена во палестинската енклава преку преминот Карам Абу Салем (Керем Шалом).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании

Следно

Роналдо е првиот фудбалер кој победил на 700 натпревари на клупско ниво

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop