Мицкоски: Како Влада сме целосно ориентирани кон поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании

January 31, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата за странските директни инвестиции оваа година, изјави:

„Од бројките којшто јас ги имам на располагање, заклучно со ноември месец, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу милијарда и четириесет милиона. Што ако се преведе по глава на жител и процент од бруто домашниот производ е, за нас, најголемиот резултат, историски гледано.

Очекувам тој тренд да продолжи и во оваа година, во 2025 година заедно со домашните инвеститори и очекувам тоа да биде драјвер за голем раст на македонската економија и бруто домашниот производ, нешто коешто нас ни е потребно насушно после неколку години стагнација или мачење во развојот.

Така што ние како Влада сме целосно ориентирани и поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании и веќе зборувавме и со претседателот на Комората, кажавме дека оние 250 милиони евра коишто беа ветени, конечно од денеска, сите формалности се завршени, ајде би рекол од понеделник веќе ќе може да биде ставен на располагање на стопанството.

Така што, еве уште еднашка да кажам дека имаме исклучителна соработка, како Влада сме ориентирани во таа насока да го поддржуваме бизнисот. За нас патриотски чин претставува повеќе вработени, давање повисока плата, инвестиции, луѓето да си ги задржиме дома. Тоа е она коешто претставува наша заедничка цел.“

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Малолетничка со нож го ранила својот татко во Пробиштип

Следно

ЕУ ја продолжи мисијата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Газа

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop