Чибишев за фармацевтската мафија: МВР многу е раздвижено, верувам дека нешто ќе се случува во иднина

January 31, 2025
1 min read

Доктор Андон Чибишев вчера му беше гостин на Љупчо Цветановски во „Наткаст“ на КУРИР.

Разговараа за повеќе теми како скандалите на Онкологија, реформите на Токсикологија, проблемите за кои е оптимист дека ќе се решат, но и за тоа дали постои фармацевтска мафија во Македонија.

-Постојано зборуваме за некаква фармацевтска мафија, дека се увезуваат лекови со една цена, а се продаваат со некоја фантастично зголемена цена, дека имаме можеби најскапи лекови во регионот, дека се увезуваат лекови кои се во светот можеби со некои научни испитувања се прогласени за неупотребливи. Апсолутно мислам дека се случува нешто што не е вообичаено за една добро организирана демократска држава, истакна Чибишев.

Чибишев посочи дека очекува подобри времиња и за здравството и за пациентите.

-Како што гледам, МВР многу е раздвижено, верувам дека нешто ќе се случува во иднина. Не би сакал сега да шпекулирам. Многу работи кои не ни беа сфатливи во минатото сега почнуваат да ни се случуваат, да се процесуираат одредени настани и случувања кои во минатото се буткале под тепих. Така да, се надевам дека и овие работи ќе се актуелизираат и надлежните институции ќе си ги преземат мерките кои ги имаат според уставот и законите на Република Македонија, посочи докторот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Листата на Трамп: 341 лице треба да бидат депортирани во Македонија

Следно

Италија: Блокиран пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција „ДипСик“ поради загриженост за приватноста

Latest from Blog

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал
Go toTop