ВМРО-ДПМНЕ повикува на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска, ЈО и судот да работат според закон

January 30, 2025
1 min read

Изразуваме најдлабока жалост за трагичната сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, поради која животот го загуби младата Фросина Кулакова, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, бараме најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. Наместо декларативни казни, потребни се суштински мерки кои ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува моторно возило без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба или при намалена свесност. Казната во овој случај и сличните мора да биде најстрога, за да се испрати јасна порака дека никој не смее да си игра со законот. Секоја личност носи одговорност за своите постапки. Овој случај ќе го има вниманието на јавноста и на ВМРО-ДПМНЕ и апелираме до институциите да работат според закон. Истовремено, ги повикуваме сите граѓани да останат обединети во оваа трагична ситуација. Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на безбедни улици и почитување на законите. Апелираме до сите политички субјекти и јавни личности да се воздржат од користење на оваа трагедија за сопствени интереси и да се фокусираат на поддршка на семејството на починатата, како и на иницијативи што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нека почива во мир Фросина Кулакова, а нејзината трагична судбина нека биде поттик за сите нас да работиме на подобрување на безбедноста и одговорноста во нашето општество, додаваат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Педри потпиша нов договор, останува во Барселона до 2030 година

Следно

СУДОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Момчето кое ја прегази Фросина доби 30 дена притвор

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop