Официјално: Стивен Џерард доби отказ во Ал Етифак

January 30, 2025
1 min read

Англиската легенда и поранешен фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард ја напушти клупата на саудискиот Ал Етифак.

Во првенството Ал Етифак на последните 14 натпревари запиша само две победи и дури осум порази, па раководството донесе одлука дека е време за промена клупата.

„Сакам да ја изразам својата благодарност на клубот, фудбалерите, навивачите и сите вклучени на приликата и поддршката во текот на моето време тука. Научив навистина многу и беше позитивно искуство за мене и моето семејство, но фудбалот е непредвидлив и понекогаш работите не одат онака како што посакуваме“, изјави Џерард.

На клупата на Ал Етифак, Џерард пристигна во 2023 година и потпиша договор на две години. Под негово водство тимот минатата сезона заврши на шестата позиција на табелата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турската хуманитарна помош за Газа пристигна во Јордан

Следно

Гончаренко во Аргумент плус: Очекуваме Трамп да преземе вистински чекори и да разговара со Русија

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop