ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

January 9, 2023
1 min read

Озонската обвивка полека, но забележливо се обновува, и со таа брзина, „озонската дупка“ над Антарктикот, каде што слојот е најтенок, целосно би се пополнил за околу 43 години, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.

Научната проценка која се спроведува на секои четири години покажува дека заштитниот слој се опоравува, повеќе од 35 години по глобалниот договор да не се користат хемикалии кои ја еродираат озонската обвивка, која го штити животот на Земјата од штетното ултравиолетово зрачење.

Научниците и еколозите ги поздравуваат како една од најголемите еколошки победи на човештвото напорите за намалување на „озонските дупки“ кои произлегуваат од договорот од 1987 година наречен Монтреалски протокол со кој се забрануваат одредени хемикалии.

Озонската обвивка се протега во долниот слој на стратосферата од околу 10 до 50 километри над Земјата. Нејзината дебелина варира во зависност од локацијата и годишното време.

„Озонските дупки“ кои се појавуваат во неа се предизвикани од влијанието на одредени гасови кои луѓето ги користат.

Во извештајот се вели дека напредокот е бавен, а просечната концентрација на озон на височина од 30 километри во атмосферата ќе се врати во „нормала“ околу 2040 година, на Арктикот до 2045 година.

На Антарктикот, каде што озонската обвивка моментално е најтенка, слојот нема да се обнови до 2066 година, се вели во извештајот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск ги осуди смртните казни во Иран поврзани со антивладините демонстрации

Следно

Маричиќ: Сите да се фокусираме на реформите и уставните измени

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop