Финансиска поднесе две кривични пријави до ОJO Струмица за даночно затајување

January 30, 2025
1 min read

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поденсе кривична пријава против К.Х поради исновано сомнение дека го сторил кривичното дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик .

Пријавениот К.Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство, трговија и услуги ХЕЛЕНА-М ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 01.01.2019 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 143.547.895 денари (која се намалува за пренесена загуба во износ од 107.153.008 денари, а која загуба се покрива од Резервите кои изнесуваат 33.038.978 денари, при што останува добивка за оданочување во износ од 63.086.473 денари на која се додава Добивката за фискалната година во износ од 4.185.559 денари), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени

Побарувања од купувачи во износ од 69.598.403 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности, не изготвил и не поднел Завршни сметки од 2019 година до денес до Управата за Јавни приходи и до Централниот Регистар на Република Северна Македонија, при што пријавениот К. Х. не пресметал и не уплатил Данок на Добивка во износ од 6.308.647 денари по основ на присвоена акумулирана добивка, а за неотпишаните застарени Побарувања од купувачи не пресметал и не уплатил Данок на добивка во износ од 6.959.840 денари или вкупно 13.268.488 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ЛУЃЕТО СЕ СМЕАТ, НО ПРЕТСТАВАТА ВООПШТО НЕ Е СМЕШНА, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ДА ЖИВЕЕ ДОЛНА ДУПКА“ КОЈА ЗБОРУВА ЗА КОРУПЦИЈАТА

Следно

Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop