ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

January 30, 2025
1 min read

Филипче и СДСМ треба да знаат дека нема повеќе како до сега. Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа зравствениот систем, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС на чело со Филипче како екс министер за здравство предизвика огромни финансиски загуби но и директно ги оштетуваше онколошки болните кои остануваа без терапија.

Со години, Клиниката за онкологија набавувала лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, Д-р Пановски за потоа истите тие лекови да се враќаат веднаш штом компанијата ќе добие нов тендер.

Системот на СДС што дозволуваше уцени врз државните здравствени институции преку монополизираните испораки на лекови повеќе не функционира.

Нема веќе како до сега, ниту ќе постојат реверси, ниту ќе постојат екстра профити за кланот на Филипче.

Со прекинот на испораките на лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, ставен е крај на милионските профити што ги полнеа приватните џебови на мал круг луѓе“, нотираа од партијата.

-Овој криминален механизам беше директно поддржан од Филипче. ФЗОМ го решава проблемот кој го остави СДС за профит на поединци. Молкот на ЈО е срамен. ЈО да покрене постапка и да го истражи случајот до крај, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора

Следно

Езерото Ери во САД покриено со мраз

Latest from Blog

Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, веќе е започната постапката за избор

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и
Go toTop