ЦУК: Успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора

January 30, 2025
2 mins read

Синоќа, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК, а по јавување на Германската служба за помош на пат. Изгубеното лице, бидејќи било странски државјанин и немало македонски телефонски број при животозагразувачката ситуација прво, за помош, се јавило во матичната држава, Германија, и така акцијата за негово спасување почнала, а потоа и успешно завршила во координираната акција за спасување.
Конкретно, по пријава од страна на дежурен вработен во АМСМ, а добиени податоци од Германската служба за помош на пат (којашто служба соработува и е слична со нашата АМСМ) во Центарот за управување со кризи ЦУК беше добиена информација дека е изгубено повозрасно лице (70 години – германски државјанин којшто зборувал и на турски јазик) после село Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, со координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба за помош на пат. Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било уплашено за својот живот во мракот во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) немале можност за контакт со лицето. Затоа од страна на АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112 во ЦУК.

Инаку, според развојот на настанот, Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш по вклучувањето во истрагата, известиле дека за пријавата, добиена околу 18:00 часот, за изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора бил воспоставен телефонски контакт со полициските станици (ПС) Мирковци и ПС Танушевци на коишто им била пренесена информација дека, согласно пројавените координати за изгубеното лице, истото е можно да се наоѓа во непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило (со погон 4Х4) за да се стаса до лицето. Истовремено од ЦУК биле информирани и надлежните на Општина Чучер Сандево за нивно можно вклучување во потрагата согласно развојот на ситуацијата и потребите на потрагата.

Од ЦИК на МВР известија околу околу 19.30 часот дека потрагата по изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора завршила успешно и дека лицето е пронајдено. Практично, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК

При потрагата беше вклучен и Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК при што беа прибрани дополнителни информации (од роднини што информираа за случајот) што би било можно да бидат корисни при конкретната потрага. Изгубеното лице било заглавено на планинскиот пат претходно со патничко моторно возило (пмв) „тигуан“, црвена боја со германски регистерски ознаки. Според дополнителните информации изгубеното лице продолжило да се движи пешки во правец, кон некоја куќа којашто ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него, но дека не стигнал до неа и се изгубило, а по неговиот јавување за помош во Германија, акцијата за негово спасување почнала и успешно завршила во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Граѓаните утре со бојкот, власта немоќна пред маркетите

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Latest from Blog

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните
Go toTop