Папата Франциск ги осуди смртните казни во Иран поврзани со антивладините демонстрации

January 9, 2023
1 min read

Противењето на Ватикан за абортусот е како и неговото противењето на смртната казна, бидејќи и двата чина се нарушување на основното право на живот, рече папата

Photo: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Папата Франциск денеска го осуди изрекувањето смртни казни во Иран на лица кои се осудени во судски процеси поврзани со антивладините демонстрации „на кои се бара поголемо почитување на достоинството на жената“.

Во своето годишно обраќање пред амбасадорите во Ватикан, папата рече дека противењето на Ватикан за абортусот е како и неговото противењето на смртната казна, бидејќи и двата чина се нарушување на основното право на живот. Тој додаде дека смртната казна е „недозволива“ во сите околности.

„Правото на живот е загрозено и на места каде што сè уште се изрекува смртна казна, како што е случајот деновиве во Иран, каде демонстрантите бараат поголемо почитување на достоинството на жената“,

рече папата, додавајќи дека правдата не може да се постигне со смртна казна.

Тој посочи дека тоа „не претставува заплашување, ниту пак обезбедува правда за жртвите, туку само ја поттикнува жедта за одмазда“.

Ова е првпат папата да ги спомне демонстрациите во Иран кои траат од септември кога девојката Махса Амини почина по апсењето, бидејќи наводно неправилно носела хиџаб. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Дали Заев го урива Ковачевски и се договара со Мицкоски – интервју со вицепремиерот Маричиќ

Следно

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Latest from Blog

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид

Она што се случи во соблекувалната стави крај на приказната: Хулијан Алварез и Атлетико!

Хулијан Алварез денес беше понижен засекогаш. Аргентинецот доби огромни навреди од навивачите на својот клуб – Атлетико Мадрид, а причината беше фактот што побара трансфер во Барселона. Феноменалниот аргентински напаѓач беше пречекан
Go toTop