92-ГОДИШНАТА КИМ НОВАК ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ВЕНЕЦИЈА

June 9, 2025
1 min read

Ким Новак, холивудска дива од 1950-тите и 1960-тите, која глумеше во филмот „Вртоглавица“ на Алфред Хичкок, ќе добие Златен лав за животно дело на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. Фестивалот ќе се одржи од 27 август до 6 септември.

Позната по својата главна улога во психолошкиот трилер од 1958, Новак имаше и значајни улоги во класици како што се „Пикник“ и „Човекот со златна рака“.

„На 92-годишната актерка ќе ѝ биде доделен Златен лав за ‘ненамерно станување филмска легенда’“, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера.

„Ким Новак беше една од омилените икони на цела ера на холивудските филмови, од нејзиното деби во средината на 1950-тите, па сè до нејзиниот предвремен и доброволен егзил од позлатениот кафез на Лос Анџелес“, рече Барбера, нарекувајќи ја независна и неконформистичка.

Документарецот „Вртоглавицата на Ким Новак“ од швајцарско-американскиот филмски режисер Александар Филип, направен во соработка со актерката, ќе биде премиерно прикажан на фестивалот.

„Навистина сум трогната што ја добив престижната награда Златен лав од толку значаен филмски фестивал. Да бидам призната за мојата работа во овој период од мојот живот е остварување на сон“, рече Новак.

Германскиот режисер Вернер Херцог исто така ќе добие Златен лав за животно дело.

Официјалната селекција на филмови во трка за Златен лав треба да биде објавена во јули.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поскапување на дизелот и екстра лесното масло – бензините без промена

Следно

Расчистени четири кривични дела, поднесени пријави против четири физички и едно правно лице

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop