878 домаќинства аплицираа за финансиска поддршка за електрична енергија

September 4, 2025
1 min read

Скопје, 4 септември 2025 – Вкупно 878 домаќинства аплицираа на јавниот повик за финансиска помош за потрошена електрична енергија во 2025 година, кој е наменет за лица што припаѓаат на категоријата на ранливи потрошувачи. Повикот заврши на 30 август.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) информира дека од пристигнатите апликации, 227 се од домаќинства со членови со тешка или длабока интелектуална попреченост, 296 од домаќинства со членови со најтешка телесна попреченост, 201 од домаќинства со целосно слепи лица и 154 од домаќинства со целосно глуви лица.

Комисиите задолжени за обработка веќе работат на разгледување на поднесените апликации. Во текот на следната недела, обработените податоци ќе бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи и ЕВН Македонија. По извршената проверка, ќе бидат предложени решенија до министерот за енергетика.

 

Финансиската поддршка ќе се реализира преку намалување на месечната сметка за електрична енергија во износ од 1.000 денари, во период од 12 месеци, почнувајќи од месецот по објавата на списокот на корисници. Доколку корисникот не плати две последователни сметки, поддршката ќе биде укината.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави дека оваа мерка испраќа јасна порака дека државата ги поддржува оние на кои помошта им е најпотребна. „Сакаме да обезбедиме сигурност и достоинство за ранливите категории потрошувачи и да им помогнеме да ги надминат предизвиците кои ги носи секојдневието,“ нагласи таа.

Во тек е и јавниот повик за субвенции за инвертер клима-уреди, кој трае до крајот на месецот. Мерката е насочена кон ранливите категории со цел подобрување на квалитетот на живот и намалување на трошоците за енергија. Сите информации и потребни обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството за енергетика (energy.gov.mk).

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Со инвестиции во инфраструктура го подобруваме секојдневието на граѓаните во Чаир

Следно

Општина Битола 2021–2025: Коњановски со отчет за реализирани инвестиции

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop