8 јуни, денот кога Украина изгуби 25 тенкови и борбени возила за миг

June 30, 2023
2 mins read

Анализите на битката и неодамнешниот поблизок пристап до локацијата покажуваат дека минското поле ги уништило најдобрите западни возила со кои располагале двете единици, плус убило или ранило голем број украински војници.

По некое неофицијално броење на почетокот на контраофанзивата битката се случува на 4-от ден од украинскиот јуриш. Задачата на двете единици била да се стигне и освои руското упориште во селцето Роботине.

Ако Украинците можат да го освојат Роботине, тогаш можат напредуваат и до Токмак, на 20 километри на југ, а ако се пробијат и руските линии кај Токмак, тогаш украинската војска ќе биде пред вратите на Мелитопол, оддалечен на некои си 40 километри. Во оваа низа Мелитопол е главната награда бидејќи со тоа се отсекуваат половина од руските сили на југот од Украина.

Важноста на истата оваа линија Роботине-Токмак-Мелитопол им е јасна и на Русите, па тие тамо имаат два моторизирани полка, 70-от и 291-от, кои се вкопани на север од Роботине, заедно со две бригади на специјалните сили, плус резервисти. Над нив патролираат хеликоптери од руската авијација.

Пред и околу нив се илјадници анти-тенковски ТМ-62 мини, најпопуларниот модел на мини, кој може и рачно да се закопа, благодарение на што Русите и ја постигнуваат густината во поставувањето.

„Руската извидница на 8 јуни забележа дека украинската борбена група се приближува кон Роботине и побара интервенција од КА-52 воените хеликоптери кои ја разретчија украинската оклопна колона со анти-тенковски ракети. Меѓутоа мините беа тие што ги сотреа 33-та и 47-та бригада.

Леопард 2 чистачите на мини од 47-та бригада ја предводеа колоната, помогнати од барем по еден германски Висент чистач на мини од 33-та бригада.

Возилата уништија неколку мини, чистејќи го патот делумно преку минското поле. Зад нив возат М-2 и Макспро оклопни возила.

Меѓутоа британскиот додаток за чистење мини на германскиот Леопард 2 и на Висентот очигледно пропуштил повеќе мини. Три Леопарди 2Р и Висентот нагазија на мини, како и неколку М-2. Заглавени и под оган од руска страна, борбената група се распадна. Екипажите ги напуштија своите онеспособени возила, влечејќи ги со себе своите загинати и ранети. Спасувачки тимови во М-2 собраа голем дел од преживеаните.

Во часовите по повлекувањето командантот на 47-та бригада, Валериј Маркус, на социјалните мрежи им порача на критичарите да молчат и да не ја охрабруваат руската информациско-психолошка специјална операција.

Кога се расчисти чадот се видоа не помалку од 25 уништени украински возила: 17 М-2, четири Леопард 2А6 тенкови, три Леопард 2Р и еден Висент. За надворешните набљудувачи загубите првично изгледаа лесни. Меѓутоа во следните две недели, аналитичарите прегледуваа снимки од дронови и фотографии од теренот и листата постојано растеше.

Загубата на еден Висент не е страшна работа за украинската армија, ги има дузини такви. Меѓутоа Украинците првично добија само сто повеќестрани М-2 и 21 од хај-тек тенковите Леопард 2А6 со нивните 55-милиметарски топови со голем домет. А Финска на Украина и ги даде сите шест Леопард 2Р што ги имаше.

Во еден или два крвави часови, 47-та и 33-та бригада изгубија речиси една петина од сите украински М-2, една петина од Леопард 2А6 и половина од Леопард 2Р. САД веднаш ветија дека ќе испорачаат повеќе од доволно М-2 за да се покријат загубите од 8 јуни, меѓутоа европските сојузници на Украина допрва треба да издвојат дополнителни 2А6, а буквално веќе нема ниту еден Леопард 2Р на располагање.

И покрај тоа што изгубија речиси цел баталјон во еден неуспешен напад, двете бригади изгледа остануваат недопрени… и се уште се во борба. Во понеделникот Маркус објави селфи од една скорешна битка,“ пишува Дејвид Акс во текстот за Форбс.

Процената на Акс е дека поразот сепак не го запира украинскиот напредок, а самото тоа што украински фотограф можел да стигне до местото на битката и да фотографира покажува дека Киев има прогрес, иако спор.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЖФК Љуботен ги дозна противниците во Лигата на шампиони

Следно

Москва протестира поради апсењето на руски државјанин во Полска, бара објаснување од Варшава

Latest from Blog

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено
Go toTop