70-годишен маж пренесен во болница – внуците велат насилно ја отвориле вратата и го пронашле со повреда на главата

October 26, 2024
1 min read

На 25.10.2024 во 17.25 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен А.П.(70) од Куманово со повреда во пределот на главата.

Од полициски службеници од СВР Куманово излезено било на местото на настанот и извршен бил увид и притоа бил извршен службен разговор со неговите двајца малолетни внуци.

Тие појасниле дека откако нивниот дедо не им отворил врата, се посомневале дека нешто не е во ред и насилно ја отвориле вратата и влегле во домот при што го пронашле нивниот дедо со повреда на главата.

А.П. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има ли криза во Владата – Мицкоски со поддршка за човекот кој го нападна Николоски

Следно

Во израелските напади врз Газа досега убиени најмалку 42.924 Палестинци

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop