600 специјалци трагаат по напаѓачот кој уби 8 и рани повеќе од 10 лица кај Младеновац – една од жртвите има 15 години 

May 5, 2023
2 mins read

Од Министерството за внатрешни работи на Србија соопштија дека е започната акција под оперативното име „Виор“, а по осомничениот е распишана потерница. Утрово нешто по 5 часот специјалните единици почнале со физичко пребарување на теренот, а периодот кога почнува да се разденува им создава проблем при користењето на термалните камери

Осум лица се убиени, а повеќе од 10 се ранети во вооружениот масакр кој синоќа се случи во близина на Младеновац, кога млад маж идентификуван како Урош Б. (21) почнал да пука од автоматско оружје. Осомничениот е сè уште во бегство, а како што јавуваат српските медиумите, околу 600 припадници на специјалните единици на полицијата трагаат по напаѓачот.  

Бројни полициски екипи во близина на Младеновац/Фото: РТС

Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години. 

Од Министерството за внатрешни работи на Србија соопштија дека е започната акција под оперативното име „Виор“, а по осомничениот е распишана потерница, пренесува Н1. 

Утрово нешто по 5 часот специјалните единици почнале со физичко пребарување на теренот, а периодот кога почнува да се разденува им создава проблем при користењето на термалните камери.  

Припадниците на специјалната антитерористичка единица и полициската интервентна бригада пребаруваат викендичка по викендичка во атарот на три села кај Младеновац, јавува РТС.

Напаѓачот Урош Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.  

По напаѓачот трагаат 600 припадници на специјалните единици на Србија/Фото: РТС

Таткото на осомничениот, како што неофицијално јавува РТС, бил воено лице. 

Две повредени лица на возраст од 21 и 23 години се сместени во Клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ и тие се оперирани, но и натаму се наоѓаат во животна опасност.   

Во Смедеревската општа болница „Свети Лука“ во текот на ноќта биле примени десет лица, од кои четворица починале, а, три лица се пренесени во Белград, од кои тројца се оперирани и се во стабилна состојба. 

Едно лице, како што јавува РТС, има прострелна рана во стомакот без повреди на внатрешни органи, а друго е застрелано во нозете и се наоѓа на одделението за ортопедија, додека трето лице, со повеќе повреди на органите и отворени скршеници се наоѓа во стабилна состојба. 

Министерството за здравство на Србија упати апел до граѓаните да даруваат крв, бидејќи се потребни дополнителни крви едници за ранетите во пукањето. Како што наведуваат од Министерството, потребна е крв од сите крвни групи. 

Напаѓачот Урош Б. прво почнал да пука во селото Дубона, а потоа во Мало Орачје и Шепшин. Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематично лице кој бил од соседното село Долна Дубона.  

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ, пукањето кај Младеновац го оцени како терористички акт, пренесоа српските медиуми.

Дел од нив јавија дека тој е на терен со полицијата и ја следи ситуацијата и интензитетот на потрагата по осомничениот напаѓач.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ибрахимовиќ го напушта Милан на крајот од сезоната

Следно

Српското МВР потврди: Осомничениот за масакрот кај Младеновац е уапсен во населбата Грошница, во околината на Крагуевац 

Latest from Blog

Божиновска за интерпелацијата: Благодарам што ми дадовте простор да го претставам сработеното

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во собраниската расправа за интерпелацијата поднесена од Левица порача дека ја прифаќа можноста да даде отчет за досегашната работа, но побара и од

Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа

Скопје беше домаќин на балканското полуфинале на Топ модел Европа (Top Model Europe), кое неодамна се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Младите модели Лина Настевска и Драган Николов ги

Меџити: Промените во Србија се можност за нов пристап кон регионалната соработка

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во своја објава оцени дека во Србија „победила промената“, опишувајќи го исходот од предвремените парламентарни избори како тежок пораз за Александар Вучиќ

Милошоски домаќин на Холовнија: Потпретседателот на полскиот Сејм во официјална посета на Македонија

Потпретседателот на полскиот Сејм во посета на Македонија: Средби со Милошоски и Мисајловски Потпретседателот на Сејмот на Полска, Шимон Холовнија, денеска доаѓа во официјална посета на македонското Собрание. Според најавената програма, Холовнија
Go toTop