5 трикови како да се вратиш во фитнес рутина по летниот хаос

September 24, 2025
1 min read

Враќањето во рутина не мора да биде стресно – потребни се само малку организација, малку дисциплина и вистинска доза забава. Телото брзо ќе ја заборави летната пауза, а ти ќе се чувствуваш посилно, полесно и подготвено за сите предизвици.

1. Малите промени прават голема разлика
Наместо веднаш да скокнеш во интензивни тренинзи, започни полека. Првиот ден додади едно овошје во исхраната, вториот ден испиј една чаша вода повеќе од обично. Ситници што не ги ни забележуваш, но прават огромна разлика.

2. Стрпливост – клуч до успех
Не го форсирај телото одеднаш. Јога, пилатес или само брзо одење – и половина час лесен тренинг враќа енергија и гради навика. Најважно е да влезеш во ритам, а интензитетот ќе дојде сам по себе.

3. Обиди нешто ново и забавно
Ако теретаната ти делува здодевно, пробај ролери, тенис или дури бокс. Нова активност = нова мотивација. Кога ќе пронајдеш вежба што те забавува, тренингот престанува да биде обврска.

4. Организирај се како вистинска дама со став
Ако не е запишано – не постои. Внеси го тренингот во календарот, закажи го како важна средба и не си го откажувај самата. Дополнителна мотивација? Тренинг партнер или личен тренер кој нема да ти дозволи да „збуниш“.

5. Истегнувањето е неопходност
Никогаш, ама баш никогаш не го прескокнувај истегнувањето. Тие 10–15 минути пред и по тренингот ги зачувуваат мускулите, штитат од повреди и прават да се чувствуваш како вистинска фит божица.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Алиу: Раководството има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија

Следно

ЕУ воведува тарифи за руската нафта која се увезува на европскиот пазар

Latest from Blog

Судир на два воза во Словачка – има повредени

Два воза се судрија во неделата навечер во Словачка, откако едниот удрил во задниот дел на другиот, при што беа повредени десетици патници, соопштија властите. Единаесет лица се пренесени во болница, а

Најлошите навики на секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот. Oва се најлошите навики на секој знак: Овен – Нестрпливост Импулсивни се и брзо

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа (ВИДЕО)

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше прегледан повеќе од 30 милиони пати. Снимањето на
Go toTop